Директорот на HTC, Питер Чоу, во интервју за Financial Times откри дека во 2004-та година соработувале со Microsoft во равој на паметен часовник, но четири години подоцна се откажале од проектот. Сега се чини дека е дојдено времето за паметни часовници, па откако конкурентите ги најавија и објавија часовниците, кои ќе бидат дополнување на паметните телефони, г. Чоу најави дека и тие размислуваат за нов таблет комјутер и паметен часовник.
Во интервјуто г. Чоу не беше детален околу паметниот часовник, но додаде дека преносни уреди се „критичен сегмент“ за тајванскиот производител. HTC во моментов е во полоша ситуација споредено со конкурентите кои прават профити од мобилните телефони и преносни компјутери, додека тие забележуваат загуби. Претставување на нови уреди, пред се на паметен часовни, ќе им даде предност пред Аpple и Microsoft, и шанса да му се спротистави на Samsung кој го објави Galaxy Gear. Но, според г. Чоу уште е рано за паметен часовник.
„Мора да има цел, или само ќе биде играчка или концепт, нема да биде за секојдневна употреба. Ова е шанса за нас. Луѓето ни се смееја кога се појавивме со првиот паметен телефон, но сега сите имаат паметен телефон. Сигурен сум дека ќе биде исто и со паметните часовници, но не судете според тоа што е моментално на пазарот во моментов“.