Последен пат ажурирано на 21 мај, 2025.
Пријави неточни информации.
+389 (77) 513 101


Infinum e агенција за дизајн и девелопмент. Основана во 2005 година, компанијата работи од повеќе канцеларии ширум Европа и САД. Тимот од преку 370 талентирани професионалци како дизајнери, инженери, аналитичари, Machine Learning специјалисти и бизнис експерти работи на технолошки решенија за големи интернационални клиенти.
Експертизата на компанијата е во основата на развивањето на стабилни и функционални софтверски решенија со прекрасен дизајн – сето ова е постигнато преку дизајнирање, градење и скалирање на автентични дигитални искуства кои испорачуваат вредност и им овозможуваат на клиентите да ги остварат своите цели, а нашите вработени да ја искористат максимално својата креативност и потенцијал работејќи на интересни и предизвикувачки проекти.
Deloitte редовно ја рангира Infinum меѓу најбзро растечките tech компании во Европа, а независно спроведено истражување ѝ ја донесе 7 пати наградата Најдобар работодавач во Хрватска. Инфинум Македонија е добитник на признанието Најдобар работодавач за 2024 година.
Освен проекти за клиенти, Infinum има започнато неколку бизниси како Productive – софтвер за менаџмент на агенции и joint venture Porsche Digital Croatia, дигитален иновациски hub за високо-технолошки решенија во автомобилскиот сектор.
Infinum е исто така, позната по својата компаниска култура и придонесување во заедницата. Infinum Academy и Infinum Foundation се меѓу најзначајните проекти преку кои компанијата вложува ресурси во општествено одговорни цели.
Consulting, workshopping, and delivering advanced software solutions since 2005.
Технологии / програмски јазици кои ги користиме:
ул. Максим Горки 13 (Настел бизнис центар, кат 3), Скопје-Центар
+389 75 361 199