LinkedIn неодамна ги претстави своите два најнови проекти наменети за мобилните уреди. Се работи за апликациите Work With Us и Recruiter кои се наменети за менаџерите во потрага по нови таленти или нова работна сила. LinkedIn со овие апликации сака да им ја олесни работата на 33% од корисниците на мрежата кои ги користат своите мобилни уреди за да пристапат до неа. Дури 30% од прегледите за отворени работни позиции доаѓаат од мобилните уреди и половина од тие корисници никогаш не аплицирале за работа преку десктоп.
Апликацијата Work With Us на некој начин вработените во одредена компанија ги претставува како амбасадори на брендот, бидејќи кој и да го посети нивниот профил, доколку компанијата има отворени позиции, на врвот од страницата ќе бидат прикажани понудите за работа. Додека, Recruiter Mobile им овозможува на работодавачите да водат белешки за кандидатите за отворените позиции во нивните компании. И двете апликации се бесплатни за сите корисници кои веќе плаќаат за услугите на LinkedIn.
[youtube]_O3VZq1KX3U[/youtube]







