Google инвестира во модерни телефонски говорници

во Свет

LinkNYC е првиот проект кој доаѓа од Sidewalk Labs инкубаторот на Google. Sidewalk Labs е фокусиран кон репавање на урбани проблеми со помош на технологија, вели Fast Company. Идејата зад LinkNYC е замена на јавните телефонски говорници, со јавна Wi-Fi мрежа.

Покрај бесплатен интернет, Link ќе овозможува и бесплатни телефонски разговори во САД, можност за полнење на мобилните уреди, упатства и локации за најблиските градски сервиси како автобуска станица или метро, преку вграден таблет компјутер. Системот ќе се исплаќа од рекламите, а во следните 12 години се проценува дека ќе генерира над 500 милиони долари.

„Она што сакаме да го направиме е да ја донесеме технологијата во физичкиот свет, во градовите, да решава сериозни проблеми – без разлика дали тоа е стандардот, потрошувачката на електрична енергија, урбана еднаквост, ефикасност на менеџирање на владата, здравство – постои низа на предизвици кои може да се надминат со технологија“, вели Ден Доктороф, директор на Sidewalk Labs.

Идејата за замена на застарените телефонски говорници е актуелна во повеќе локации. Лондон започна да ги менува своите говорници со полначи за телефони, Јужна Африка заполна со промена на 79.000 телефонски говорници со Wi-Fi хотспоти, а истото го прави и Кина.

Но, во Македонија немаме таков тренд, иако во 2003 година во Скопје се инсталирани 600 јавни телефонски говорници од кој 10 години подоцна функционираа само 200, а во моментов функционални се само 57. Телеком кон крајот на мај најави поради намалената побарувачка нема да воведува нови услуги за телефонските говорници. Можеби ќе биде попаметно да се направат тие говорници по примерот на LinkNYC.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk