YouTube експериментира со автоматско детектирање на производи во видеа

во Свет

„Products in this Video“ е функционалност во YouTube која ќе овозможува прикажување дополнителни информации за производи кои се појавуваат во видеото.

Тестовите започнаа пред околу една година, но сега има додадена нова функционалност која отвора и нови можности. „Производи во ова видео“ слуша дали некој производ е споменат. Кога ќе детектира производ, додава новa „етикета“ врз предметот во видеото или ги додава под видеото креирајќи лесно достапни линкови за купување на производите.

Со новата промена YouTube навестува дека не само што ќе се појавуваат производите кои се во видеото, туку ќе се појавуваат и видеа од слични релевантни производи. Овие производи ќе бидат поставени во посебна листа, веднаш под видеото. Тие ќе бидат видливи единствено кога корисникот ќе се спушти подолу. Според најавата функционалноста најпрво доаѓа во САД.

„Експериментираме со нова функционалност која прикажува листа на производи детектирани во некои видеа, како и сродни (слични) производи. Овие резултати ќе се појават помеѓу препорачаните видеа на гледачите кои ќе се спуштат под видео плеерот. Целта е да им помогнеме на луѓето да пронајдат повеќе видеа и информации за производи кои може да ги интересираат“, вели соопштението на Google.

По целосната реализација на промените веројатно YouTube ќе стане подготвен да биде некој вид на центар за продажба. Една од претпоставките е дека со овие промени YouTube би можел да додаде „affiliate“-маркетинг како начин на заработка за креаторите на содржина, што е интересна можност.

Секако за повеќе податоци ќе треба да почекаме овие тестови да се официјализираат. Дополнително самото тоа што тестовите се започнати не значи дека ќе имаат конечна реализација.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments