0 коментари 2 мин. читање 24 јуни, 2015

Facebook може да ви го препознае лицето, дури и ако се криете

Технологијата на Facebook за идентификување на лице може да ги препознае корисниците дури и кога не им се гледа лицето на фотографија. За разлика од луѓето кои прилично едноставно ги препознаваат другите луѓе дури и кога не им се познава лицето, за компјутерите ова знае да биде проблем. Но, се чини дека развивачите во најголемата друштвената мрежа успеале да го надминат.

Наместо директно споредување на лице, алгоритамот споредува други карактеристики: фризурата, облеката, формата и обликот на телото, и заземената позиција, јави New Scientist. Во тестирањето на алгоритмот тимот споредил 40.000 Flickr фотогорафии, на кои на дел од нив ликот е јасно забележлив, а на дел задскриен. Резултатите покажуваат дека алгоритмот прпознава точно во 83 отсто од случаите. Иако бројката е висока, не е ниту приближно прецизна како Deep Face AI, кој препознава лица со точност од 97,25.

Идентификување на луѓето дури и кога се завртени со грбот кон камера или го кријат својот лики, без сомневање ќе донесе интересни можности во иднина, како персонализирани реклами во продавници или на пламетни билборди. Технологијата би можела да ја олесни и работата на полицијата, но тоа што загрижува е опасноста од нарушување на приватноста, па имплементирањето на оваа или слична технологија без да се разгледаат опасностите е неприфатливо.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top