Суперкомпјутерот на IBM, Watson, пред повеќе од една година ја започна својата кариера како готвач, а сега e веќе подготвен да понуди рецепти за корисниците што ќе ја користат неговата апликација Chef Watson. Watson при понудата на рецепти не само што ги помни сите рецепти, туку анализирајќи ги предложените состојки креира листа на јадења на вкусови кои се надополнуваат, па различните состојки може да ги понуди во уште повеќе комбинации.
Апликацијата е изработена во соработка со магазинот Bon Appetit кој речиси една година ги тестираше можностите на Watson. Магазинот внесе 9.000 рецепти, кои Watson ги анализираше и крираше листа на состојки кој „одат“ една со друга. Дел од првите рецепти имаа проблеми, но по проверките се чини дека дел од грешките се научени. „Дел од рецептите беа вкусни, но the chicken-flavored old fashioned… препорачуваме никој да не го готви ова… никогаш.“, велат од Engadget кој го тестираа готвачот.
„Од изоставувањето на глутенот, до ограничувањето на количеството отпад во кујната, Chef Watson апликацијата докажува дека доколку им овозможите на готвачите алатка за креативност во кујната, ќе бидат креативни“, вели Стејси Ривера од Bon Appetit.