Gley.mk веќе има над 25.000 регистрирани корисници [интервју]

Avatar img-thumbnail img-circle

во Интервјуа, ИТ.МК

Минатата година во текот на ноември започна со работа Gley.mk – македонска платформа која на своите корисници им овозможува „video-on-demand“-услуга со фокус на локална и регионална продукција. Претплатниците на Gley можат да ги гледаат македонските серии: „Фамилија Марковски”, „На терапија”, „Преспав”, „Светот на Биби“; српско-британската серија „Беса”; хрватската серија „Црно-бјели свет”, крими сериите „Тајкун” и „Клан”; филмовите „Трето полувреме”, „Џган“ …

Сервисот постои веќе неколку месеци што е доволно да се сумираат и првите искуства за работата на Gley.mk, конкретно нашите впечатоци може да ги прочитате во оваа рецензија.

Уште кога лансираа во ноември, 2021-ва, побаравме интервју со тимот на Gley.mk, меѓутоа потврден одговор назад добивме сега, кога веќе Gley.mk има над 25.000 регистрирани корисници и неколкумесечно искуство во работењето, па продискутиравме за тоа како им оди…

Кажете ни нешто повеќе за компанијата зад Gley.mk?

СВОД Мастер е македонска компанија, основана пред година дена, со домашен капитал, од страна на искусни професионалци со над 20 годишно искуство во полето на медиумите, продукцијата и маркетингот. Во моментот брои 10 вработени и ангажира над 30 хонорарни соработници (советници, преведувачи …).

Кои се долгорочните планови за овој сервис?

Да стане основен избор за не-линерано гледање на видео содржини во Р.С. Македонија, место каде што гледачите ќе препознаат квалитетен избор на програма по нивен вкус. Од друга страна на нашите иселеници и други надвор од нашата земја кои се заинтересирани за македонската продукција да им понуди лесен и современ начин за пристап до неа.

Во иднина, најголем дел од приходите од претплатата ќе бидат наменети за (ко)финансирање на локални и регионални проекти што заедно со искуството на тимот кој стои зад Gley треба да придонесе за забрзан развој на локалната продукција. Овој модел е во план да се прошири и регионално.

Колку сте задоволни од почетокот на работата на Gley во Македонија? Ако не е тајна колку корисници имате досега?

Стартот е одличен, после само три месеци постоење на пазарот имаме одлична препознатливост и над 25.000 регистрирани корисници.

Дали може да споделите повеќе технички информации за инфраструктурата и технологијата која ја користите…

Се работи за современа multi-screen, OTT (over the top) платформа која ја разви нашиот технолошки партнер Multi Screens.  Корисниците преку апликации изработени за смарт телевизорите, мобилните телефони и таблетите и преку стандарден веб-прелистувач пристапуваат до cloud системот кој е составен од storage и edge сервери.

Колкав е капацитетот на платформата, можете ли да опслужите илјадници корисници истовремено ако постои интерес?

Капацитетот на системот во моментов може да опслужи до 10.000 истовремени корисници и лесно може да се прошири.

Која  е разликата со конкурентните сервиси како Netflix, Amazon Prime или HBO MAX?

Разликата е во локалниот пристап на избор на програма и комплетна локализација на македонски и албански јазик. Светските сервиси не обраќаат внимание на малите пазари како што е нашиот, со што корисниците овде до сега немаа можност за ваков современ начин на пристап до програма која е атрактивна за нив.

Токму затоа, Gley посветува големо внимание и на детската програма, за на децата им бидат постојано достапни содржини кои позитивно придонесуваат во нивниот развој, и сето тоа на нивниот мајчин јазик.   

Кои се специфичностите при креирањето на ваков сервис за помал пазар, кои се предности а кои недостатоци?

Предноста е во тоа што сме лесно прилагодливи во изборот на програмата, односот спрема корисниците, претплатничката понуда, локалната соработка. Секојдневно го следиме интересот, комуницираме на разни начини со голема група на корисници и веќе сега од нив ги црпиме основите за понатамошниот развој на Gley (и технички и програмски). 

Пазарот е мал, но имаме примери на успешни локални платформи во нашето опкружување кои успеаја да се развијат. 

Најголем недостаток кај нас е големото присуство на неовластено дистрибуирање (пиратеријата) на видео содржините. Со тоа не се кочи само развојот на вакви платформи туку и севкупниот развој на домашната продукција, која како индустрија вработува 100-ци луѓе во моментов, но има потенцијал таа бројка да биде и во илјадници.

Со која динамика е планирано додавање на нови содржини? Што ќе додадете следно?

Gley презентира неколку нови наслови неделно и постојано ја зголемува својата понуда. Следно во март е хит серијата Државен службеник, македонски стенд-ап комедии, уште македонски филмови, второто продолжение на Мочвара, во април второто продолжение на Клан…

Пролетва ќе го промовираме и првиот македонски проект во кој ќе бидеме ко-продуценти, а веќе сме во завршни преговори за ко-продукциско учество во два регионални проекти кои очекуваме да бидат големи есенски хитови. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk