Надополнето: Гледајте филмови, серии и цртани на македонската стриминг-платформа Gley.mk

во Вести

Gley.mk е првата* македонска платформа која на своите корисници им овозможува „video-on-demand“-услуга. Она што е карактеристично за платформата е дека за првпат нудат содржина од македонска продукција.

Претплатниците на Gley покрај странски серии и филмови ќе можат да ги погледна и македонските серии: „Фамилија Марковски”, „На терапија”, „Преспав”, „Светот на Биби“,„Беса”, хрватската серија „Црни бјели свет”, крими серијата „Тајкун”, „Клан”, филмовите „Трето полувреме”, „Џган“ …

Најголема предност на Gley пред конкуренцијата е што целата содржина на платформата е преведена на македонски и на албански јазик. Цртаните филмови наменети за помладата генерација се синхронизирани на двата јазици.

„Од денес на македонскиот пазар е достапна првата македонска национална стриминг платформа – GLEY, преку која се приклучуваме кон светските трендови на развој на локални и регионални СВОД (video on demand) платформи”, – вели, извршниот менаџер на СВОД Мастер, Дарко Перушевски.

Што се однесува до претплатата, нема долгорочни договори, туку месечнa претплата, која корисниците можат да ја откажат кога сакаат. За корисниците кои ќе се регистрираат до 31-ви ноември, достапен е 30 дневен промотивен бесплатен пробен период. Во моментов има три нивоа на претплата, 299, 399 и 499 денари во зависност од бројот на уреди на кои ќе може да се следи GLEY.

Програмата на Gley е достапна на паметните телевизори, но и преку паметни телефони, таблет, лаптоп и десктоп компјутери.


*Надополнување – 05 ное @ 00:12: По реакција на Twitter корисник, во текстот е направена корекција дека Gley не е првата македонска платформа, туку првата македонска стриминг платформа (основана од Катавеј ДООЕЛ) е Cinesquare.net.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments