Sony го покажа PlayStation VR2

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Image courtesy of Sony / PlayStation blog

Sony ја покажа финалната верзија на својот сет за виртуелна реалност PlayStation VR2. Финалниот дизајн доаѓа една година по најавата дека компанијата работи на надградба на тогаш постоечкиот сет PlayStation VR.

Во најголем дел изгледот и на „очилата“ и на контролерите беа познати од март, кога Sony имаше презентација за контролерот. Дизајнот наликува на претходниот уред, иако има повеќе надградби. Црната и белата боја и натаму се заштитен знак на контролерот, но сега има неколку надградби за поудобно играње. На пример на PlayStation VR2 ќе може да се промени положбата на леќите, за корисниците да можат дополнително да го прилагодат уредот на своите потреби. Во споредба со претходникот, иако има додатоци, на пример мотор за фидбек, сетот е малку полесен и потенок.

„Нашата цел е да создадеме сет за виртуелна реалност кој не само што ќе биде атрактивен дел од декорот на вашата дневна соба, туку и ќе ве нурне во светот на играта, до тој степен што речиси ќе заборавите дека користите слушалки или контролер. Затоа посветивме големо внимание на ергономијата и спроведовме широко тестирање за да обезбедиме удобно чувство за различни големини на главите. Веќе имавме позитивни повратни информации за ергономијата на првиот PS VR сет благодарение на внимателно балансирање на тежината и прилагодливото каивче за глава. Го задржавме истиот концепт за PS VR2…“, вели Sony во објавата.

Една од надградбите кои се направени за удобност и подолго користење е додавањето на вентилација која ќе овозможи циркулација на воздухот. Ова треба да помогне леќите да не се замаглуваат во текот на играњето. Што се однесува до техничките карактеристики, екраните на PSVR 2 се со резолуција 2000х2040 (по око); рефреш од 120Hz. Уредот има 4 вградени камери за следење и функционалност за следење на погледот.

PlayStation VR2 ќе може да се користи исклучиво со новата PlayStation 5 конзола. Постоечкиот сет може да се користи со PlayStation 5, но потребен е адаптер. Првата верзија на сетот за виртуелна реалност е веќе стара 5 години, па се чини дека надградбата беше неопходна. Сепак кога излезе беше една од првите вистински достапни уреди. Сетот беше поевтин од конкуренцијата и немаше потреба од скап компјутер за потполно користење на можностите. Најголем недостаток сепак беше контролерот. Sony немаше соодветен контролер за виртуелната реалност што не придонесе за подобро искуство.

За игрите за новиот сет засега нема премногу информации. Не знаеме ниту дали ќе може да се играат игрите кои се достапни на PlayStation VR во моментов. Досега за новиот сет е најавена единствено „Horizon Call of the Mountain“.

Она што останува најинтересно за VR2 покрај видеоигрите, се датумот на излегување и цената по која ќе се продава Sony PlayStation VR2. Ова веројатно ќе го дознаеме наскоро.

Добредојде во метаверзумот

Екосистемот на сетови за виртуелна реалност е нешто поразличен од пред пет години кога Sony го претстави првиот модел. Главна причина за ова се најавите на Meta за креирање на виртуелен свет. Можеби не е изненадување што првите честитки по најавата дојдоа од креаторите на Meta Quest, сетот за виртуелна реалност од Facebook.

Сепак за разлика од Facebook кој сака да креира цел виртуелен свет, се чини дека Sony е фокусиран на видеоигрите. Ако ви здодеаа сите теоретизирања за иднината на виртуелната реалност, NFT-токените и цели виртуелни светови, ова е добредојдена промена.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

Singular

Team Lead

Digilink Konsalting

Java Script Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk