Некои дури не ни имаа можност да ја видат опцијата Find Friends Nearby со која може да се лоцираат најблиските пријатели и други Facebook корисници, a од Facebook веќе ја оневозможија. Причината за повлекување на оваа опција ја објавија на ABC News, oткако Facebook им пиша:
„Ова не е формална објава – тоа беше нешто што неколку инженери го тестираат. Со сите тестови, некои излегуваат како целосни продукти, некои не. Немаме ништо повеќе што да изјавиме за тоа“.
Сепак, тоа не значи дека некој ден нема официјално да ја објават оваа опција. Facebook во мај го купи Glancee– апликација за „полесно да ги откриете скриените конекции околу вас и запознаете интересни луѓе“, па не би не изненадило доколу во скоро време таа опција ни биде достапна на сите.








