Старо-нов тренд: „Како да го избришам Facebook“

Бришење на Facebook, Instagram и Threads, како и алтернативи на овие друштвени мрежи се дел од најпопуларните пребарувања на Google. Трендот е актуелен по најавата на Марк Закерберг дека Meta ќе ја промени досегашната политика со независна проверка на факти, ќе го намали модерирањето на содржина и ќе ги укине ограничувањата на политичка содржина во фидот на корисникот. Гостувањето кај Џо Рогaн, нападите врз Apple, не помогнаа за враќање на популарноста.

Главна причина за критиките кон Meta e што на најавените потези се гледа како на обид за угодување на претстојната администрација на Доналд Трамп, но и на обид за избегнување на политичка одмазда. Критичарите сугерираат дека последиците од новите политики на Meta би можеле да имаат сериозни импликации врз типовите на објави, говорот на омраза и насилната реторика. Дезинформациите пак, ќе можат да се шират уште побрзо од досега низ платформите на Meta. Дел од критичарите веднаш посочија дека дополнителна причина за ова е намалување на трошоците и замена на луѓето кои проверуваат факти со вештачка интелигенција.

Расте пребарувањето „Како да го избришам Facebook“

Како што вообичаено е случај со интернет, реакциите следеа брзо по објавата. Во последните неколку дена пребарувањето за бришење на платформите на Meta го достигнаа највисокото ниво. Пребарувањата на Google за термини како „како трајно да се избрише Facebook“ во САД, достигнаа максимален резултат од 100 — највисоко ниво според Google Trends, пишува TechCrunch. Бројот на пребарувања по различни термини за отстранување на друштвените мрежи на Meta рипнал за 5000%.

Жртва на одлуката на Закерберг не е само Meta, туку и останатите платформи во нивна сопственост. Секако тука е Instagram, но и Threads. Веројатно е помалку смешно, што не толку одамна Threads значително го зголеми бројот на корисници откако дел од корисниците на X се обидуваа да пронајдат нова друштвена мрежа. Интересот за бришење на друштвените мрежи на Meta не е нов. Трендот за бришење на Facebook и Trends е прилично висок последните неколку месеци и се движи од 75 до 100. Сепак скокот од последните неколку дена е предизвикан од одлуката на Meta да ја ослаби заштитата од говор на омраза.

Не е лесно да се пресуди, но веројатно овие контроверзни содржини и носат поголема интеракција од корисници. Ова ги задржува повеќе на платформата, што секако е единствената метрика за која друштвената мрежа е заинтересирана. Лошите проценки за модерација во минатото влијаеле и на дозволување на содржини кои дополнително го разгореле гневот кај корисниците, на пример при упадот во Белата Куќа на 6 јануари 2021 година. Meta одлучила да не постапи по координираните повици за насилство кои се ширеле на нејзините платформи. Компанијата идентификувала начин како може да се ублажи поларизацијата и повиците за насилство, но никогаш не ги примениле овие мерки. За среќа насилството од од 6 јануари имаше мал број на жртви.

Image courtesy by Book Catalog / Flickr / CC BY 2.0

Промените со проверките на факти нема да променат многу во веродостојноста на податоците на Facebook. Случајни одбрани профили на друштвените мрежи и натаму се ужасно место за пронаоѓање на информации. Дури и со сервиси за проверка на факти, одбележувањето на сомнителни информации значително доцни. Мета како и X се префрла на „Community Notes“, а случајот е ист и со  ова.

Еден од потезите на Meta за „побалансирано“ модерирање на содржини е префрлање на тимот во неутрална средина. Настрана што изборот падна на Тексас и неутралноста е барем сомнителна, Meta и во минатото имаше проблем со својата „неутралност“. „Неутралноста“ на Закерберг и Meta придонесе за масакрот на Рохинџите во Мјанмар. Извештајот на Amnesty покажува дека пристапот на Meta со кој се промовира содржина која ги задржува корисниците подолго на платформата директно влијаел кон ширење и промоција на омразата кон Рохиџите. Неутралната платформа не го отстранувала насилниот говор на омраза што придонело до дехуманизирање на Рохиџите. Кулминацијата на овие настани е масакрот од 2017 година.

„Meta – преку опасните алгоритми и со немилосрдната потрага по профит – значително придонесе за сериозните прекршувања на човековите права извршени против Рохинџите“, се вели во извештајот на Amnesty.

Иако Meta призна дека платформата била користена за поттикнување на насилство, никогаш не ја прифати одговорноста. Наместо ова објаснувањето е дека  нивната неутралност била злоупотребена од злонамерни лица кои „сееле“ говор на омраза и поттикнувале насилство.

Потрага по алтернативи win за BlueSky и Mastodon

Покрај обидите за напуштање на платформата расте и бројот на пребарувања за нови платформи кои ќе ги заменат Facebook и Instagram. За жал барем засега Facebook и Instagram немаат сериозна алтернатива. Најголем дел од пребарувањата за нова платформа се фокусирани на двете децентрализирани друштвени мрежи BlueSky и Mastodon.

Двете платформи се здобија со популарност како алтернативи на Twitter, но Mastodon има куп интересни функционалности кои би можеле да го направат најинтересна друштвена мрежа во иднина. На пример на Mastodon податоците на корисниците не се продаваат на трети страни, зашто платформата не е за профит. Ова значи и дека нема реклами. Корисниците на Mastodon сами може да одберат на кои сервери се приклучуваат.

Веројатно поинтересно е што нема алгоритам кој се обидува да ги „врзе“ корисниците за екранот. Наместо ова објавите во фидот на корисникот одат хронолошки, една по една, како што се објавени.

Конечно Mastodon не е централизирана мрежа – значи нема „една главна компанија“. Секој сервер е независен и функционира по свои правила, ама сите се поврзани меѓу себе.

Генералниот директор на Mastodon, Еуген Рочко, оваа недела и самиот проговори за промените во модерирањето на содржини на Meta. Промената ја нарече „загрижувачка за секој кој има совест“.

Ако сакате да ѕирнете како изгледа Mastodon ѕирнете го овој пост.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk