10 коментари 1 мин. читање

Facebook без предупредување ви го замени вашиот имејл

Facebook само што го сокри вашиот имејл од вашиот профил, и го замени со мејл кој завршува на @facebook.com, што е нивен имејл сервис поврзан со сите нотификации. Ова мрежата го направи без никакво предупредување, ниту пак побара одобрување од сите свои 900 милиони корисници! Epic fail потег ако ме прашувате мене.

Но, без грижа. Секогаш подготвениот LifeHacker сподели совет како да ја вратите адресата.

  • Кликнете на About на вашиот профил, отидете на вашите имејл адреса и кликнете Edit.
  • Кликнете на кругчињата до мејлови и наместете да биде Hidden from Timeline.

  • Кликнете на следното кругче и наместете на Shown on Timeline.
  • Снимете ги измените со Save копчето.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

10 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top