Messenger Kids е побезбедна алатка за вашите деца, но дали децата сакаат да ја користат?

Messenger Kids е значаен обид да се заштитат децата преку контролирање и ограничување на одредени активности за допишување и воспоставување аудио и видео повици.

Вие, како родител, можете да го создадете акаунтот на вашето дете, да вметнете нивни слики и потоа да го поврзете детето со најблиските. По завршувањето на овие чекори, можете да ја инсталирате апликацијата на уредот кој го користи вашето дете и да му дозволите да користи побезбедна апликација со шарен и разигран интерфејс, како и можност за играње соодветни игри.

Преку контролната табла за родители, можете ги надгледувате активностите на вашето дете, односно со кого и колку се допишуваат, но и какви мултимедијални податоци споделуваат (имате пристап до сите слики кои децата ги споделуваат меѓу нив).

Покрај ова, можете да наместите само вие да одобрувате понуди за поврзување. За дополнително стезање на уздите, подесувате користење на апликацијата само во одредени денови и помеѓу одредени часови. На пример, можете да наместите детето да може да користи Messenger Kids само за време на работните денови, од 7 до 18 часот. На родителите им се допаѓа апликацијата. Но, што имаат децата да кажат за неа?

За социјалните мрежи поразговаравме на кратко со три одделенија од едно наше училиште:

  • Петто одделение, деца од десетгодишна возраст
  • Седмо одделение, деца од дванаесет годишна возраст
  • Деветто одделение, деца од четиринаесет годишна возраст

Во секое одделение поставивме две прашања:

Која е вашата омилена и најчесто користена социјална алатка, со предложени опции за бирање помеѓу Facebook, Snapchat, и Instagram?

60% од петтоодделенците одговорија Facebook, додека 30% се одлучија за Instagram. 10% кажаа дека не користат ништо.

80% од седмоодделенците се изјаснија дека Instagram е нивната омилена алатка, а само 20% го одбраа Facebook.

100% од учениците кои се деветто одделение кажаа дека нивната омилена апликација е Instagram. На прашањето, зошто не Facebook, двата најчести одговори кои ги добивме беа:

  • Фејсбук е за стари лица, никој од младите не го користи
  • Го користиме фејсбук само за да си ги следиме симпатиите и да ги гледаме сликите кои нивните родители и роднини ги поставуваат

Зошто и како е можеби тема за малку поразличен текст. :) Нашето второ прашање беше поврзано со Messenger Kids.

Откако ги објаснивме предностите на оваа апликација, прашавме дали би биле во ред да користат таква верзија наместо нормалната?

50% од петто одделенците се изјаснија дека не би сакале. На прашањето зошто не би сакале, најчестиот одговор беше дека не сакаат родителите да им блокираат другарчиња со кои тие сакаат да се дружат. Останатите беа рамнодушни. Имавме реакција во стил: тато како ми каже – така ќе направам.

100% од седмоодделенците и 100% од деветоодделенците едногласно кажаа дека никако не би прифатиле такво нешто. Во седмо одделение дури нас не праша ученик зошто викаме дека сите тие работи дека се предности на апликацијата. Според истиот ученик, Messenger Kids само дава на родителите да се “мешаат кај не им е работа”. Вака размислуваа и деветооделенците. За нив нема предности во Messenger Kids, туку само недостатоци и бурни реакции од стилот: само нека пробаат.

Тука некаде, успеавме и ние да бидеме научени како лесно може да се заобиколат наразличните контроли кои родителите би можеле да ги пробаат на учениците. Поразително беше да чуеме дека за многу ученици ова никогаш не би ни било проблем затоа што: „нашите родители немаат време да се замараат со тоа.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk