Ако користите IE6 нема да може да користите Facebook чет
Fаcebook најави дека ќе ја прекине поддршката за девет години стариот Internet Explorer 6, бидејќи прелистувачот самиот не ги поддржува подобрувањето на таа чет опцијата.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Веб. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Fаcebook најави дека ќе ја прекине поддршката за девет години стариот Internet Explorer 6, бидејќи прелистувачот самиот не ги поддржува подобрувањето на таа чет опцијата.
Магазинот Time објави листа од 50 најдобри веб сајтови, во која нема рангирање, туку сајтовите се подредени низ неколку категории. Можеби листата е малку ориентирана кон САД посебно категоријата за спорт, сепак Time е американски магазин. Но... и покрој тоа листата е одлична од аспект да се видат модерните веб страни, содржината и услугите кои тие ги нудат, како и нивното се поголемо влијание ширум светот, како на пример TED.com и Wikileaks.com кои се најдоа меѓу најдобрите во категоријата за најдобри сајтови за вести.
Google стартуваше нова страна за подобреното пребарување во реално време кое прв пат го објави пребарувањето во реално време во декември и кое до сега беше интегрирано со резултатите.
Пребарувањето на Yahoo од сега оди преку Bing пребарувачот, што е финализирање на транзицијата меѓу Yahoo и Microsoft. Со ова Bing го превзема уделот на Yahoo на пазарот на интернет пребарувања, и сега вкупно има околу 7.5 отсто. (Yahoo држи 4%, а Bing 3.5 според StatCounter)
Почнувајќи од денес ќе може да го користите YouTube на 4 нови јазици: хрватски, филипински, српски и словачки, вели YouTube на својот блог. Ова значи дека YouTube сајтот сега поддржува 28 јазика, што е различно од автоматскиот превод со кој можат да се гледаат видеа на 50 јазици, меѓу кои и на македонскиот превод.
Google стартува интересен додаток за Gmail со кој корисниците ќе можат да вртат телефонски повици преку имејл сервисот.
ZDNet објави слика и пост од новиот интерфејс на Internet Explorer 9 превземени од рускиот сајт на Microsoft пред истите да бидат одстранети. Од сликата се гледа дека IE 9, како и сите модерни прелистувачи, има интересен и едноставен дизајн со кој се остава повеќе простор за веб страната, прелистувачот има само навигациски бар и помалку копчиња.
Со четвртата бета на Mozilla Firefox 4 се претставија две интересни опции. Првата е Panorama опцијата, претходно позната како Tab Candy, со која се групирараат табовите. Пример, ако имате отворено десетина табови (јазичиња) ќе можете да ги организирате само со повлечи-и-спушти.
На Bing.com, интернет пребарувачот на Microsoft, се појави фотографија од дебарското езеро Шпиље. Bing на своите слики вметнува и мали пакети информации за местото на сликата за да го популаризира и демонстрира својот интернет пребарувач, да даде идеја што да се бара со цел да го привлече корисникот. Но... во овој случај покрај пребарувачот, и Mакедонија ќе ќари интерес од оваа промоција.
BBC стартува прототип проект Dimensions со кој, користејќи ја мапата, ja споредува големината на светски настан со вашиот дом и соседство. Dimensions ги преклопува двете мапи со што им дава локален контекст на настаните. Пример, ве интересира колкава површина опфатија поплавите во Пакистан споредена со површината на Македонија, или пак колкав дел од Скопје ќе заземе познатиот музички фестивал Гластонбери. (сликата горе)
Роб Осбеј забележа дека како што куца во интернет пребарувачот така се променуваат резултатите во реално време.
Moжно ли е наскоро да видиме визуелни реклами на Google.com? Интернет гигантот го купи Like.com кој е визуелен пребарувач на разни шопинг предмети, од женски чевли до накит и продукти за здравје.
Виртуелното момче Мајло прв пат се појави кога беше претставен Microsoft Kinect контролерот (познат и како project Natal). Контролерот на Microsoft реагира на движења, без потреба на тастатура и глувче.
Kликнувате next и на вашиот екран се појавува слатка девојка која е спремна да ја соблече маичката. Но наместо нешто секси, пред вас се појавува демон кој превртува очи и криви врат. Застрашувачки! Но и креативно. Ова е новата вирална кампања на Last Exorcism која се случува на ChatRoulette.
Програмерите сега ќе можат да ги закачат своите апликации на Chrome продавницата за апликации, да експериментираат со нивното пакување и инсталација во Chrome како и да се запознаат со платежниот систем на Google и инфраструктурата за автентичност.
Можно е или не? прашуваат сите кои го гледаа видеото во кое познатиот тенисер со силен сервис бута лименка од глава на еден соработник за време на снимање на Gillete реклама. Видеото стана вирален хит. Објавено на 16 август до сега видеото е погледнато над 3 милиони пати што за Gillete е одлична реклама.
Еден ден младите луѓе ќе треба автоматски да можат да си го променат името за да се скријат од минатото зачувано по пријателските профили на друштвените мрежи, вели директорот на Google, Ерик Шмит во интeрвју за Wall Street Journal.
Chrome веб продавницата за апликации најверојатно ќе стартува во октомври, рече Google-овиот застапник за развој на игри, Марк ДеЛура на презентација на Gamescom, објавена од 1up.com. Стартувањето на веб продавницата за апликации може да значи дека наскоро (т.е после октомври) ќе стартува и Chrome оперативниот систем?
Во последниве неколку години, една од најголемите промени во дигиталниот свет е префрлувањето на широко-отворениот Веб во полузатворените платформи што го користат Интернетот за пренос, но не и прелистувачот за прикажување, пишува уредникот на Wired магазинот, Крис Андерсон, во својот текст „Вебот е мртов. Да живее интернетот!“
Првата верзија на Internet Explorer дебитираше на 16 август, далечната 1995 и по кратко време го грабна поголемиот дел од пазарот на прелистувачи кој го има и ден денес. Internet Explorer е најкористениот прелистувач во светот со над 56 отсто. Но, како што може да се види од табелата на StatCounter, во последниве две години IE добива се поголема конкуренција во Firefox, Chrome, Opera и Safari.