Текстот е одличен преглед на како (и со која брзина) се движат нештата во дигиталниот свет.
„Ова е предизвикано пред се со растот на iPhone моделот на мобилното пресметување, и е свет во кој Google не може да лази (crawl), свет во кој HTML не владее. И тоа е свет каде корисниците се повеќе одбираат, не бидејќи ја одбиваат идејата за Веб туку бидејќи овие посветени платформи често работат подобро или се вклопуваат подобро во нивниот живот. (екраните доаѓаат до нив, тие не мора да одат до екраните.“
За г-дин. Андерсон со развојот на овие „затворени мрежи“ се одржува контролата, наспроти „интерактивниот код“ на Java, Flash, Ajax и HTML5, кои ветуваат да ги стават сите апликации во облакот и да го заменат десктопот со вебтоп – „отворен, слободен и надвор од контрола.“.
Но ова беше неизбежно, вели тој, ова е циклусот на капитализмот.
„Приказната за индустриски револуции, пред се, е приказна за битки околу контрола. Ќе се измисли технологија, ќе се рашири, илјадници цветови ќе никнат, и тогаш некој ќе најде начин да ги контролира, затворајќи ги другите. Се случува секој пат.“
… текстот „Вебот е мртов. Да живее интернетот!“ е одличен и вреди да се прочита. За тие кои имаат проблем со англискиот тука ќе го најдете текстот на македонски, преведен со Google Translate.
П.С. За да ги ставиме работите во перспектива препорачувам да ја прочитате и следнава дебата која што е дел од 4 part piece на Wired http://www.wired.com/magazine/2010/08/ff_webrip_d…
„да ги ставиме работите во перспектива“? :))
??
Одличен текст дефинитвно вреди да се прочита.
Еве еден фин follow-up на прикаскава: http://www.boingboing.net/2010/08/17/is-the-web-r…