Свет

3.518 написи

Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Свет. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.

Редакција
1
Виктор Дано Свет

Дигитална N зграда во Токио

N Building from Alexander Reeder on Vimeo.   N зградата во Токио е израбодена во QR код кој може да се чита од мобилните телефони од поновите генерации. Дигиталната зграда прикажува информации во реално време, вклучувајќи и твитови од луѓето кои живеат во неа.

0 коментари Прочитај 12 јануари, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Светска мапа на друштвените мрежи

Користејќи ја статистиката од Alexa и Google Trends, италијанскиот блогер Виченцо Косенза состави светска мапа на друштвените мрежи. Мапата ја покажува доминација на Facebook кој со 350 милиони корисници, околу 400.000 македонски корисници, е најпопуларната друштвена мрежа во 127 земји.

0 коментари Прочитај 21 декември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Најголемата сферична панорама со 18-гигапиксели

360cities.net, веб сајт со колекции од интерактивни панорами, ја објави најголемата сферична панорама до сега. Панорамата од 18-гигапиксели е 360-степени поглед на чешкиот главен град Прага. Кога би ја испринтале сликата би била долга 16 метри.

0 коментари Прочитај 18 декември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Од кратко YouTube видео до Холивуд и 30 мил. долари

  Еве уште една неверојатна приказна која го вклучува YouTube, мал буџет, но голема креативност и огромен успех. Се работи за „Panic Attack" краток филм на уругвајскиот продуцент Феде Алверез. Откако го закачил краткото видео на YouTube, само по неколку дена, холивудските студија започнале да му тропаат на врата и му понудија филмски договор вреден 30 милиони долари!

0 коментари Прочитај 18 декември, 2009
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Топ Twitter трендови за 2009

Twitter објави листа на топ трендовите за 2009 година. Интересно, Мајкл Џексон не е најтвитаниот, како што е најпребаруваниот кај интеренет пребарувачите. На Twitter најпопуларна и највлијателна тема се протестите во Иран, каде Twitter одигра огромна улога, пред се како медиум. И обратно, иранските протести одиграа огромна улога во популарноста на друштвената мрежа.

0 коментари Прочитај 16 декември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Австралија ќе го цензурира интернетот, повторно

По првичните неуспешни обиди, aвстралиските власти повторно размислуваат за воведување систем за филтрирање на вулгарната, навредувачката и криминалната содржина која се наоѓа на интернетот. Со ова Австралија ќе стане прватаа западна демоктратска земја која го цензурира интернетот, придружувајќи се на Kина и Иран.

0 коментари Прочитај 15 декември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Друштвени мрежи

Twitter, Ushahidi, Playfish… прогласени за Пионeри на технологијатa

Светскиот економски форум одбра 26 пионери на технологијата за 2010 година. Пионери на технологијата се сите компании почетници од целиот свет кои развиваат и дизајнираат нови технологии.   „Иновациите на овие компании ги отсликува обидите на општеството да ја прифати и користи технологијата за промена и подобрување на начинот на кој работат бизнисите и самото општество.“ вели Светскиот економски форум.

0 коментари Прочитај 4 декември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Британските провајдери ќе ги шпиунираат пиратите?

Најголемиот интернер провајдер во Британија, Virgin Media започнa со тестирање на технологија за мониторинг на корисниците и пиратската содржина која ја споделуваат. Технологијата која ќе ја користи провајдерот е CView на Detica, компанија која е позната со работење со владини податоци и дигиталните документи на контраразурзнавачките служби.   „Нашата технологија има потенцијал да го мери споделувањето на содржината низ сите интернет провајдери, што ќе им овозможи на провајдерите, креативната индустрија и владата, да соработуваат и да одговорат на дигиталната пиратерија како што е повлечено во извештајот за Дигитална Британја.“ пишува Detica.

0 коментари Прочитај 27 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Ирачката влада на YouTube, а македонската?

После Обама, Кралското семејство на Британија, претседателот на Франција, Саркози, Ватикан... сега и владата на Ирак стартуваше свој YouTube канал. „YouTube каналот на ирачката влада е официјален канал наменет да се публицизира најважните активности на владата преку видео извештаи и состаноци.“ пишува на каналoт Iraqgov.   Несомнено е дека YouTube овозможува на луѓето и политичарите, поточно владите, да имаат подиректна комуникација на лесен и едноставен начин. Запрашајте се каков контакт имате со македонските политичари? Освен на вести и на плакати воопшто не ги гледаме, а уште помалку имаме контакт и пристап до нив.

0 коментари Прочитај 25 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Google Analytics е нелегален сервис, вели Германија

Според германските власти Google Analytics, сервисот за мерење и анализа на интернет сообраќај на веб сајт, го прекршува законот бидејќи сервисот ги собира податоците за посетителите без нивна согласност.

0 коментари Прочитај 24 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Дали започнува ерата на сајбер војување?

Големите земји се спремаат за „сајбер ладна војна“, спроведуваат сајбер шпиjунажа и тестираат мрежи за да можат да започнат и да водат војна, вели извештајот на McAfee кој е базиран на анализи на неодамнешни напади на национални мрежи и владини сајтови. За извештајот McAfee направиле и интервјуа со 20 експерти за надворешни односи, експерти за национална безбедност и за интернет безбедност.

0 коментари Прочитај 19 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Дигитална реалност на Esquire магазинот

  Претходно пишував за магазинот „Esquire“ и за нивниот експеримент со вметната видео реклама во магазинот. Овојпат целото искуство со „Еsquire“ добива нова димензија - дигитална реалност.

0 коментари Прочитај 9 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хардвер

Intel повторно на суд поради манипулација на пазарот

Intel се најде повторно на суд поради монопол и манипулација на пазарот со цел да ја отстрани конкуренцијата. Овојпат компанијата е тужена од државата Њу Јорк откако по 20 месечна истрага се откри дека Intel нудел „специјални“ попусти вредни милијарди долари на Dell, IBM и Hewlett-Packard за да ги користат Intel-овите процесори наместо тие на конкурентите.

0 коментари Прочитај 5 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Ќе препишувате ли ако дозволат интернет за испити?

Данска стана првата земја во светот која дозволи да се користи интернетот за испитите. Студентите можат да сурфаат каде сакаат, Facebook, YouTube... но не смеат да комуницираат со пријателите, да копираат делови од текстови и да ги пастираат, туку само да ги користат за наоѓање на потребната информација. Поентата е да се научат учениците да користат и процесираат информации.   Според данските власти ако интернетот е секојдневие тогаш треба да се вклучи и во образованието.

0 коментари Прочитај 3 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Турција вели дека Google избегнува данок

После едно годишна истрага, властите во Турција го казнија Google со 32 милиони eвра заради избегнување да платат национaлен данок, пишува TechCrunch. Google го има најголемиот дел од пазарот на онлајн рекламирањето и интернет пребарување во Tурција. Бидејќи прави пари, турските власти велат дека гигантот мора да плати национален данок. Долгот кој го има Google кон земјата е 32 милиони евра.

0 коментари Прочитај 3 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

ICAAN ги одобри интернационалните домени

Се поизвесно е дека ICANN, организацијата која е задолжена за давање имиња и броеви на интернет адресите, ќе воведе кирилични и други не-латински домени. Моментално ICANN одржува состанок во Сеул и според англискиот Daily Mirror, ќе го прифати предлогот најдоцна до петок.   „Има 1.6 милијарди интернет корисници ширум светот, а повеќето од нив користат […]

0 коментари Прочитај 30 октомври, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Како Црна Гора профитира од .me доменот

Читајќи ги вестите на Read Write Web, блог за технологија, наидов на рекламен банер во кој пишуваше: „see.me, fly.me, web.me, call.me... Why .me? Because .me is you". Знаев дека .me доменот е домен на Црна Гора, како што .mk е домен на Македонија, па кликнав на рекламата да видам за што се работи.   Доменот е доста атрактивен. Kaко што покажува рекламата, игра со зборови може да биде навистина интересна: love.me, share.me drive.me, kiss.me, web.me, see.me, mary.me, lizni.me, bakni.me, sakaj.me, ubi.me ...

0 коментари Прочитај 28 октомври, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Мир на Facebook, мир во светот

Facebook го објави peace.facebook.com порталот со статистика и графикони кои покажува дека друштвената мрежа помогна да се преминат одредени национални, географски и религиозни граници, граници кои во реалноста често се бранат со бодликава жица и војници.

0 коментари Прочитај 28 октомври, 2009
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Свет

WhiteHouse.gov одсега на Drupal

Aдминистрацијата на Барак Обама се одлучи за доста храбар потег - да го имплементира и искористи слободниот софтвер за менаџмент на онлајн содржини Drupal и тоа за официјалниот сајт на Белата Куќа. Овој потег на најнапредната американска администрација во поглед на ИТ досега, му дава посебно значење на слободниот софтвер.

0 коментари Прочитај 26 октомври, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Универзитет го воведе Twitter како задолжителен предмет

Griffith универзитетот од Австралија го воведе креативното пишување твитови како задолжителен предмет за своите студенти по новинарство. Студентите го користат Twitter како „вежба за рефлектирање на себе“ вели Жаки Едварт, предавач на универзитетот.   „Твитовите на некои студенти не се толку суштински како што сакаме да бидат. Но не знам дали ако напишат есеј, ќе биде подобро“ вели г-ѓа. Едварт за Sydney Morning Herald.

0 коментари Прочитај 24 октомври, 2009
Мени
Заедница
Изглед