0 коментари 2 мин. читање 3 ноември, 2009

Ќе препишувате ли ако дозволат интернет за испити?

„Ако сакаме модерно училиште и ако сакаме да ги научиме студентите работи што се важни за нив во модерниот живот, тогаш ние треба да ги научиме како да го користат интернетот.“ вели Сане Шмит, која го води проектот во средното училиштето oд општината Граве, за BBC.

Г-ѓа. Шмит вели дека мамењето на испитите е проблем кој треба да се реши, но вели и дека тие им веруваат на студентите.

Данскиот министер за образование Бертал Хардер вели дека е горд на проектот и дека очекува и другите европски земји да го следат нивнот пример.

„Нашите испити мора да го рефлектираат дневниот живот во училницата и секојдневниот живот мора да го рефлектира општествениот живот. Интернетот е незаменлив, дури и за испитите.“ вели г-дин. Хардер.

Вкупно 14 факултети од Данска се вклучени во овој проект, кој сега за сега е експериментален проект, но до 2011 година се очекува да се приклучат сите училишта во земјата.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top