0 коментари 2 мин. читање 19 ноември, 2009

Дали започнува ерата на сајбер војување?

„Видовме докази дека земјите ширум светот се спремаат за сајбер војна.“ вели Дејв ДеВалт, претседател на McAfee.

Тие земји за кои се знае дека развиваат безбедносни системи се Британија, Германија, Франција, Кина, Русија, Северна Кореја и секако САД за кои се знае дека имаат прирачници за правила и процедури при сајбер војни и се знае дека употребувале хакерски напади за време на војната во Ирак.

„Денеска, оружјата не се нуклеарни, туку виртуелни, и секој мора да се прилагоди на овие опасности.“ вели г-дин. ДеВалт.

Пример за отворена сајбер војна беше конфликтот меѓу Русија и Грузија, кога со сајбер напади се гасеа сајтовите на двете земји.

Целта на сајбер нападите е да се изгасат мрежите за телекомуникација, транспорт, електричните мрежи… бидејќи сите тие мрежи во развиените земји се поврзани со интернетот. Но, на интернетот со тие мрежи е поврзан и приватниот сектор. Тоа што е проблем, се вели во извештајот, е што нема одредена безбедносна стратегија како цивилните и приватните веб сервиси да не бидат оштетени при сајбер војувањето.

Најновото нешто што го нема во извештајот на McAfee, а што Reuters го објави денес , е дека сајтот на кинеското Министерство за одбрана преживеал преку 2 милиони хакерски напади само за 1 месец. Ниту еден не бил успешен, велат кинеските власти.

Извештајот „Virtual Criminology Report“ на McAfee можете да го најдете на нивниот сајт. (McAfee ќе ви побара лични информации за да можете да го симнете/прегледате извештајот)

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}