0 коментари 2 мин. читање 25 ноември, 2009

Ирачката влада на YouTube, а македонската?

Ако ги гласаме тогаш тие имаат обврска пред нас да ни поднесат извештаи/идни планови. Ова го пишувам бидејќи подолго време во светот постои традиција преседателите/премиерите барем еднаш неделно да се обратат на своите граѓани. Пример се сите политичари наведени погоре. А кој е најдобриот начин тоа да се направи денес? Пред доаѓањето на Барак Обама во Белата куќа, Џорџ Буш имаше неделно обраќање на радио. Сега неделното обраќање е преку онлајн видео. Тоа говори многу за промената на каналот на информација. Некои влади користат блогови, други, како австралискиот премиер, користат Twitter…

Ирак и овој канал е важен сигнал за сите политичари и влади, посебно за македонската. Ирачката влада води земја растргната со војна, земја во која, според ОН, само 1 од 100 ирачани има пристап до интернет. Ако таа влада ја користи технологијата и интернетот за да допре до своите граѓани, тогаш зошто да не и една земја која е блиску до влез во Европската Унија?

Подолу е видео во кое Ерик Шмит, директорот на Google, кој објаснува за YouTube каналот на ирачката влада.

Додатно, Google ќе отвори онлајн музеј со артифакти од Националниот музеј на Ирак. За споредба веб страната на Музеј на Македонија воопшто не се ни отвара.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top