Ќе се гасат бугарските торент сајтови
Бугарската полиција најави дека ќе ги изгаси zamunda.net и arena.bg, двата најголеми бугарски торент сајтови, кои се доста користени и од македонските корисници.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за Свет. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Бугарската полиција најави дека ќе ги изгаси zamunda.net и arena.bg, двата најголеми бугарски торент сајтови, кои се доста користени и од македонските корисници.
ИТ компаниите IBM, Apple и Microsoft на чело со Google остануваат на првите места на листата „100-тe највредни брендови“ на Milward Brown, одел за маркетинг истражувања на WPP.
Истражувачите од Critical Media Lаb при Ватерлу универзитетот користејќи RFID технологија ги поврзаа кравите на фармерот Крис Ванденберг со Twitter. Секоја oд дванаесте крави ги твита своите активности објавувајќи претходно подготвени пораки.
Е-трговијата станува доста актуелна тема во Македонија но и во соседните држави. Ова е важно бидејќи ќе придонесе до поставување принципи за водење на е-трговијата на Балканот кој иако заостанува зад западните поразвиени земји сепак има потенцијал да се развие.
Светската банка го стартуваше data.worldbank.org сајтот преку кој секој има отворен, бесплатен и лесен пристап до и превземање на податоци и показатели за развој на институцијата.
Како би реагирал вашиот дедо или баба на најновиот мобилен или на таблет PC како Аpple-овиот iPad? Колку време ќе им треба да сфатат како да го користат и зошто служи уредот? Како ќе ја разберат денешницава споредувајќи ги со тогаш-актуелните изуми?
Скоро 200 години се поминати од денот кога Томас Џеферсон, еден од татковците на САД, во своето писмо до Ајзак Мекферсон ќе напише: „Оној кој добива идеја од мене, добива упатство без да ме осиромаши, исто како што оној кој од мојата ламба ќе го запали својот оган, добива светлина без да ме затемни мене“.
Победникот на естонскиот старт-ап настан Garage48, во кој учесниците креираат веб сервиси за само 48 часа, е Kratid.com сервис за креирање и чување на виртуелни миленичиња. Виртуелните добра се доста привлечно нешто во сајбер просторот ваквите сервиси имаат доста потенцијал.
Ирски судија донесе одлука дека интернет провајдерите треба да ги гасат корисниците кои пиратираат содржина. Одлуката е донесена на судењето меѓу интернет провајдерот Eircom и преставник на EMI, Sony, Universal и Warner.
Поради вулканска ерупција во Исланд, поголем дел од авионските летови од Њу Јорк до Европа беа одложени оставајќи го норвешкиот премиер Јенс Стелтенберг заглавен на аеродром. Но… тоа не го спречи норвешкиот премиер да ја води политиката преку својoт iPad. „Премиерот, кој беше во САД на нуклеарниот самит на Обама, ја води норвешката влада од […]
Јапонскиот тројанец Kenzero откако ќе се инсталира на компјутерите на Hentai порно фановите, го уценува корисникот да му плати или ќе ја објави јавно историјата на прелистувачот.
Хонг-коншкиот City Telecom, покрај 100 Mbps услугата 600 денари, сега на своите корисници им нуди 1 гигабити во секунда брз интернет за само 199 хонк-конгшки долари односно околу 1100 денари.
Денис Хонг е основач на лабораторија за роботика RoMeLa при Virginia Tech универзитетот. Toj во својот говор на TED конференцијата зборува за 7 наградувани вида на роботи. Не сите роботи се хуманоиди како DARwIn фудбалскиот робот на RoMeLa, туку можат да имаат амебична форма или да личат на пајаци.
Борејќи се за опстанок, собирајќи донации за да опстане како онлајн проект, WikiLeaks го потсети светот дека новите медиуми и интернетот се потребни во информирање за настаните, за подобрување на транспарентност и за демистифицирање на ПР моќта, како и за поттикнување на истражувачкото и граѓанско новинарство. Имено, WikiLeaks објави видео добиено од анонимен извор во […]
Apple објави дека во првиот ден од продажбата на нивниот таблет се продадени над 300.000 iPad-и во Америка. iPad чини од 500 до 800 долари, зависно од спецификациите, додека за европскиот пазар се уште не е објавена цената. Apple додаде дека новите iPad корисници симнале и над 1 милион апликации за уредот, и над 250.000 е-книги купени од новиот iBookStore, продавница за електронски книги.
Градскиот совет на Пловдив го потресе скандал поврзан со Facebook играта FarmVille, пренесува бугарскиот Novinite. Скандалот се случил пред неколку недели а се однесувал на членови на градскиот совет кои за време на состаноци си ја поливале виртуелната градина, си ги гледале кравите и правеле што прави и секој од над 80 милиони играчи на симулацијата на фарма.
Хмм... кога се вели дека интернетот ќе ги затвори весниците, не верував дека некои ќе одат до таму да ги сменат и новинарите. Научниците од Intelligent Systems Informatics лаботоријата (ISI) од Универзитетот во Токио направија робот-новинар кој може да ја истражува околината и да известува.
Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, побара регулирање на интернетот, за властите да имаат можност да ги изгасат сајтовите за вести и политички дебати кои според него шират лажни информации, пренесува Reuters.
Кинеските власти го предупредија Google дека „ќе ги плати последиците“, дури и ќе го изгаси google.cn, доколку интернет гигантот не го почитува законите во земјата.
Репортерите без граници (RSF), огранизација која промовира за слобода на говор, обави извештај за денешниот онлајн пристап по повод 12 март, Свестки ден против сајбер цензура. Извештајот ја содржи и „Непријатели на интернетот“ листата на земји кои ја контролираат слобдата на изразување, ја цензурираат содржината и го ограничуваат пристапот до информации. „Потенцијалот на интернетот како отворена порта кон светот директно е контрадикторен со тенденцијата на овие режими да се изолираат себеси од останатите земји.“ пишува во извештајот.