Поради вулканска ерупција во Исланд, поголем дел од авионските летови од Њу Јорк до Европа беа одложени оставајќи го норвешкиот премиер Јенс Стелтенберг заглавен на аеродром. Но… тоа не го спречи норвешкиот премиер да ја води политиката преку својoт iPad.
„Премиерот, кој беше во САД на нуклеарниот самит на Обама, ја води норвешката влада од САД преку својот нов iPad.“, вели портпаролот Синдре Фосум Бајер.
Сликата од норвешкиот премиер е закачен на Flickr со име „премиерот работи на аеродром“.
Хмм… дали нашиот премиер знае што е iPad? Всушност и да има свој таблет компјутер за што би го користел?