4 коментари 1 мин. читање

Крави твитаат со помош на RFID тагови

RFID таговите ја следат секоја активност на кравите, и кога тие ќе се приближат до роботскиот обор наменет за молзење, компјутерот го чита тагот и одлучува дали на кравата и е време за молзење. Ако кравата е на ред, таа ќе добие пристап до оборот каде роботска рака ќе ги измолзе кравите додека тие јадат. Измолзеното млеко се мери и податоците се вметнуваат во дата базата заедно со времето. Секоја активност генерира твит.

Целта на истражувачите од Critical Media Lab е да откријат како технологијата влијае на врската меѓу животните и луѓето, врската меѓу фармерите и животните, но и врската меѓу потрошувачите и животинскиот продукт.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top