0 коментари 2 мин. читање 6 мај, 2010

Гејмер ја победи играта и доби 1 милион долари

„Се трудиме да бидеме одговорни.“ вели Вејд додавајќи дека ќе ги искористи парите да ја исплати хипотеката и да започне фамилија со својата девојка, која и самата одиграла улога во овој среќен настан. Имено, таа го натерала да ја купи играта.

Интересно Вејд успеал да го одигра совршениот натпревар само час и половина откако ја купил играта на 2 март кога била и пуштена за продажба. Од тогаш се уште не успеал да го повтори достигнувањето.

Креаторите на играта 2K Sports велат дека е „многу тешко, но не и невозможно“ да се одигра перфектен бејзбол натпревар во видео играта. Во реалниот свет, низ целата историја на спортот, од 1880 до 2009 година, тој успех го достигнале само 18 играчи. Затоа Take-Two вети 1 милион долари за првиот што ќе успее да ја победи играта. За да учествуваат во натпреварот, играчите мора да си го снимат својот резултат со камера и да бидат онлајн за да се верификуваат поените.

„Ова е одличен публицитет. Не би ја купил играта да не ја имаше добивката.“ вели среќникот Вејд.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top