Вести

3.566 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи ИТ.МК

Mакедонски Facebook рап. word!

Ах Facebook за некои непотребен, за сите други пасија, за трети инспирација за да се рапува за неа. Македонскиот рапер NikleMan има песна за Facebook, за нотификациите, за сликите... за како „сега е нов ден мора на Facebook да се ставам“ и дека „го ставив во standby и заборавив на една фотка да ставам Like".

0 коментари Прочитај 25 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Свет

Растот на Opera Mini и навиките на мобилната „генерација Y"

Оpera објави извештај во кој откри статистика за нивниот мобилен пречистувач Opera Mini кој во октомври 2010 бил користен од 76 милиони корисници и се прегледани 41.6 милијарда веб страни, што е за 92 отсто пораст според бројот на корисниците од ланскиот октомври, односно 142 отсто повеќе прегледани страни.

0 коментари Прочитај 24 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб Совети

5 основни работи за интерактивен веб бизнис

Имате веб сајт и имате мејл. Па што? Присуството на интернет не е ништо споредено со интерактивноста и комуникацијата со потенцијалните клиенти преку друштвените мрежи и споделувањето информации.

0 коментари Прочитај 24 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Google фанови ги гаѓаа со јајца германските куќи кои се кријат на Street View

Група германски Google фанови оставија порака „Google е кул“ и ги гаѓаа со јајца неколку куќи во Есен бидејќи се замаглени на Street View, пренесува Deutsche Welle.

0 коментари Прочитај 24 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Победник на првиот .мк Мобил фестивал е…

Краткиот филм снимен со мобилен „Гумата и цртежот" на Бојан Стојчевски е добитник на наградата „Лале“ за најдобар филм на првиот македонски фестивал за мобилни филмови Mobile Festival.

1 коментар Прочитај 24 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Почнува електронското пријавување за студентски стипендии во 2010/2011

Сите студенти кои сакаат да аплицираат за стипендија ќе можат да го направат тоа преку електронска пријава на http://mon.gov.mk/, сајтот на Министерството за образование и наука (МОН).

4 коментари Прочитај 24 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Софтвер

Оpera 11 бета доби групирање на табови

Opera 11 бета сега има можност да се организираат табовите во категории со едноставно повлечи-и-спушти движење, што ќе ја поедностави работата на сите нас кои постојано имаат отворено куп табови.

1 коментар Прочитај 23 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Nokia направи леден „екран“ на допир

Финските истражувачи на Nokia го направија Ubice,„екран“ на допир од блокови лед. Тие проектираа слики на блоковите лед големи 50 cm и дебели 25cm, и користеа проектор, скоро инфрацрвени светла и камера да ја одредат позицијата и движењата на рацете.

1 коментар Прочитај 23 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Тим Бартон бара Twitter помош за својата нова приказна

Култниот режисер Тим Бартон ги повика твитерџиите заедно да напишат приказна која ќе се искористи за промоција на неговата музејска изложба.

0 коментари Прочитај 23 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

Друштвените мрежи ќе го „фрагментираат“ Вебот, вели Тим Бернерс-Ли

Таткото на Вебот, Тим Бернерс-Ли вели дека друштвените мрежи и компании кои нудат сервиси ќе го скратат демократскиот потенцијал на мрежата.

0 коментари Прочитај 23 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.ЕУ ИТ.МК

Мемориски чипови и тахографи за камионџиите

Сите камиони и автобуси кои превезуваат низ Европа ќе мора да имаат мемориски картички и дигитални тахографи кои ќе ја мерат брзината на возилото низ целиот пат, колку време е возено и колку време одмарало, пишуваат .мк медумите.

0 коментари Прочитај 22 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Веб ИТ.МК

Google Instant достапен во Хрватска, Бугарија, Србија… a во Македонија?

Инстант пребарувањето на Google сега е достапно за уште 18 земји, меѓу кои и соседните Бугарија, Хрватска, Грција и Србија. Тоа би можело да значи дека наскоро, можеби за месец-два, ќе има инстант пребарување и на Google.mk пребарувачот.

5 коментари Прочитај 22 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Доста е со фармите, Zynga ја стартува CityVille

Zynga стартува нова друштвена игра CityVille која им нуди на играчите да си направат своја фарма, свој град со бизниси, куќи за граѓаните, со сервиси како пошта, пожарникари, школи, болници, ресторани... всушност ова е SimCity, но поедноставна и креирана за друштвениот Facebook.

0 коментари Прочитај 22 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети Хардвер

PC аквариум – навистина добра идеја!

Покрај добриот ефект што се добива, има одлични својства за ладење, што го прави супер гејмерски систем, вели Volkswagen постирајќи на форум слики и видеа од буквално „кул“ PC систем кој наликува на аквариум.

1 коментар Прочитај 22 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Интервју со eкипите-учесници на IEEEXtreme

На неодамнешниот IEEEXtreme натпреварот за програмирање два македонски тимови од ФЕИТ освоија одличен резултат. Тимот А: Јордан Паликрушев, Бојан Костадинов и Игор Кулев го освои четвртото место, а тимот Б: Мите Митрески, Бојана Поповска и Никола Судијовски го освоија осумдесет и четвртото место на интернационалниот натпревар на кој учествуваат 970 екипи со преку 2.700 учесници од целиот свет.

6 коментари Прочитај 22 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Совети

Google-овите 20 нешта за прелистувачите и Вебот

Google објави книга „20 нешта што ги научив за прелистувачите и Вебот“ по повод 20-годишнината од откривањето на Вебот од страна на Тим Бернерс-Ли, што е овој месец. Книгата е соработка на Google Chrome тимот и илустраторот Кристоф Ниман.

0 коментари Прочитај 19 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ

Europeana надмина 14 милиони парчиња културно наследство

Европската веб библиотека ги надмина очекувањата и за 2010 година наместо 10 милиони, сега има над 14 милиони парчиња културно наследство од разните европски земји. Europeana, која стартуваше во 2008 година , содржи дигитализирани книги, мапи, фотографии, слики, музејски објекти, филмски и музички клипчиња кои ја покажуваат културната разновидност на земјите членки. Пример, најнови додадени […]

1 коментар Прочитај 19 ноември, 2010
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Софтвер

Facebook со нова опција за развивачите да си ги тестираат апликациите

„Тест корисникот“ е кориснички профил кој се поврзува со апликацијата со цел да се тестира функционалноста на апликацијата. Профилот може да им користи на сите развивачи да се осигураат дека нивната апликација e како што треба пред да ја пуштат официјално на Facebook. Eдна апликација може да има и до 50 тест корисници.

0 коментари Прочитај 19 ноември, 2010
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Затворена во логор, заради твит од 140 карактери

Ченг Јанпинг, 46, е затворена во логорот за принудна работа за една година откако тамошните власти ја обвинија за „нарушување на јавниот ред и мир“ со ретвитање на Twitter порака од нејзиниот вереник што ги исмејува младите кинески националисти кои се држале анти-јапонски собир, вели Amnesty International. Нејзиниот вереник Хуа Чиншуи бил пуштен од полицијата по 5 дена, но тој не ја видел Ченг од тогаш.

1 коментар Прочитај 19 ноември, 2010
Мени
Заедница
Изглед