Русија ќе користи слободен софтвер, нареди премиерот Путин
Рускиот премиер Владимир Путин потпиша владина наредба со која сите владини тела и агенциите ќе треба да се префрлат на слободниот софтвер до 2015 година.
Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.
Рускиот премиер Владимир Путин потпиша владина наредба со која сите владини тела и агенциите ќе треба да се префрлат на слободниот софтвер до 2015 година.
Изнервиран од бројните спам пораки, Дениел Балсам ја остава работата во маркетинг, стартува сајт „Даниел го мрази спамот“ и зема курсеви по право и сега успешно живее тужејќи компании кои спамираат мејлови. Веќе има напрвено милион долари од судски спогодби.
После скоро два месеци, конечно ги имаме победниците на IT.com.mk Награди 2010, одредени според гласовите од публиката (70%), која ги номинираше сите кандидати и можеше да гласа од 10-ти до 22-ри декември и според гласовите на жирито (30% од вкупните гласови по категорија) составено од основачите на IT.com.mk.
Секој седми србин е член на форумот Burek, доколку се спореди нивната бројка на членови според популацијата на Србија. Ова е неверојатно достигнување за деветгодишниот форум каде се информира и дискутира за сите можни теми поврзани со секојдневието во Србија и светот.
Празници се, Нова година, а потоа и Божиќ. Пола Македонија е на Facebook каде ќе се споделуваат честитики, слики и импресии од празниците. Сигурно ова, ќе се согласите, е одлична шанса да го рекламирате својот локален бизнис, продукт или услуга на огромна публика зависно од буџетот.
Ка-Sat беше лансиран со руската Proton ракета од Казакстан, и целта му е да понуди брз широкопојасен интернет за далечните домовите каде нормалниот кабел не пристига.
Познатиот по своите виртуелни ликови музички бенд Gorillaz објави нов албум The Fall чии 15 песни се направени со iPad апликации и неколку инструменти. Песните се направени за околу 30-тина дена, за време на американската турнеја на Gorillaz, вели вокалот и креатор на бендот, Дејмон Албарн.
Друштвената мрежа освен што надмина 500 милиони корисници, можеби е поблиску до 600 милиони, во 2010 ја претстави Social Graph опцијата каде секој сајт со Like копчиња и виџети може да се вклучи во друштвеното споделување. Го претстави и Places, направи редизајн на страните, основачот Закарберг беше прогласен за личност на годината од Time, и низ целата година беше во расправии за пропустите во приватноста. А да, имаше и филм за друштвената мрежа.
Time магазинот објави листа на најдобри уреди на 2010 година. На првото место е iPad-от кој беше една од причините и за Financial Times да го прогласи Стив Џобс за визионер на годината. Потоа следува Samsung Galaxy S, трет е Мacbook Air.
Интересен податок е дека Дирекцијата за заштита на личните податоци има директен контакт со службеник од Facebook посветен за проблеми со граѓаните и корисници на мрежата. Ова е потребно бидејќи скоро секој ден во последниве шест месеци Дирекцијата добива поплаки заради мрежата, но не сите се конкретни барања за превземање нешто, вели Елена Стојановска од ДЗЛП.
Microsoft стартуваше HMTL5 лабораторија каде развивачите и дизајнерите ќе можат да ги тестираат своите веб сајтови направени според новите веб стандарди, да видат дали функционираат на новиот Internet Explorer 9 прелистувач.
Zynga забележува неверојатен успех со својата нова игра CityVillе која ја надмина популарната FarmVille според бројот на играчите. Се чини 16.8 милиони луѓе дневно си градат свој град, наспроти 16.4 милиони фармери, според статистиката на AppData.
За повеќето од нас уништен iPhone е штета. Штета дека убаво дизајнираниот вреден уред има скршено стакло, или проблем со софтверот. Но, за други, пукањето со Heckler & Koch револвер во iPhone 4 е уметност која ја демонстрира нашата приврзаност за овие нови и модерни технолошки уреди.
Следниот месец, во јануари, во Македонија официјално ќе стартува Колектива, веб сајт кој секој ден нуди групни попусти од разни локални продавници, ресторани, бутици, кина... веќе има околу 60 .мк бизниси кои се заинтересирани да ги понудат своите услуги преку сервисот, вели Ванчо Костурски, кој го води Колектива.мк. На почеток ќе биде само во Скопје, а потоа ќе се додадат и другите градови.
Стив Џобс е прогласен за визионер на годината, за личност која го издигна Apple на врвот на светот со своите визионерски продукти, од влијателниот Financial Times.
Да не биде покус на аматерскиот проект на бруклинскитe татко и син кои лансираа iPhone во Вселената, Google сега го лансираше новиот Nexus S на 30 километри над Земјата.
На не-толку-официјален #tweetup или собир на твитерџии во Кафе Ли во Скопје, се прогласија неколкуте победници во неколкуте категории на 140.mk Twitter наградите. Сите победници добија симболични награди, кои беа донирани од неколку компании, а „Оскарот“ беше во форма на варено јајце со налепница која ја означуваше категоријата во која победиле.
<Надополнето>Skype конечно функционира за сите после 20 часа недостапност. Барем за некои корисници. Милиони други се уште имаат проблем да се логираат на сервисот, често по логирањето Skype се гаси по некоја минутка. За тие пак што ќе се логираат, џабе! бидејќи ни ги нема поголемиот дел од контактите.
Некои корисниците на Facebook забележале нов филтер за содржина на својот стрим со вести, пишува Inside Facebook.
Американската Федерална комисија за комуникација воведе „основни правила со кои се зачувува отвореноста на Интернетот како платформа за иновација, инвестиција, конкуренција и слобода на говор.“. Правилата за нет-неутралност ќе треба да ги неутрализираат опасностите како финансиските интереси на интернет провајдерите кои лесно можат да блокираат или „деградираат“ одредени сервиси со цел да ги промовираат своите инвестиции.