2 коментари 1 мин. читање

Стив Џобс e визионер на 2010-та, според Financial Times

Според британски весник, најголемиот успех на Стив Џобс е таблет компјутерот iPad кој „ја продолжува иновацијата на iPhone-от за поразновиден екран и лесни апликации дизајнирани за специфични задачи, и покажува кон иднината по компјутерското глувче и свет без Windows. Продажбите на поефтините ноутбук компјутер веќе патат.“

„iPad-от e кулминација на пристапот кој што тој го усовршуваше во текот на својата цела кариера.“

Покрај успешното промовирање и над 5 милиони продажби на iPad-от, Apple оваа година го претстави и iPhone 4, кој имаше свои проблеми со лошата антена. Но и покрај тие проблеми, сепак Apple во 2010 година стана највлијателната и највредна ИТ компанија, конечно надминувајќи го Microsoft.

Директорот на Apple се приклучи на листата на „највлијателните личности во 2010“ на која се наоѓа основачот на Facebook, Марк Закерберг, кој е прогласен како личност на годината од Time магазинот, и хакерот и основач на Wikileaks, Џулијан Асанж кој беше прогласен како личност на годината од публиката на Time. Ова покажува дека ИТ-то дефинитивно станува еден од највлијателните делови од секојдневието.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top