4 коментари 1 мин. читање

Уметност со уништени Applе уреди

Дигиталниот уметник Мајкл Томперт, кој во својата 12LVE изложба претстави навистина интересни фотографии од уништените уреди, не го мрази Apple. Напротив. Тој има работено во Аpple на дизајн на некои од уредите и долгогодишен фан на компанијата. Идејата за вакво дело му дошла откако ги видел неговите два сина да се караат за игра на iPod Touch. Изнервиран од нив, тој го грабнал уредот и го фрлил.

„Tие беа вкочанети – екранот беше скршен, со оваа течност прелеана преку него. Го зедов апаратот и сликав, а жена ми ми рече да направам нешто со ова.“, вели г. Томперт за Los Angeles Times.

„Уредите се дизајнирани да бидат толку неукрасени и едноставни – како монолитoт во ‘Oдисеја 2001’ – и сите oткачуваат заради нив. Сакав да кажам опуштете се, да видиме што има во нив.“

Повеќе фасцинантни фотографии можете да погледнете на Facebook 12LVE профилот.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top