0 коментари 1 мин. читање

Eutelsat лансираше сателит кој нуди интернет пристап на руралните домови

Сателитот може да опслужи до два милиони домови со интернет, што е значително повеќе од неговиот претходник Hylas-1 лансиран претходниот месец кој опслужува 300.000 конекции во Британија, Шпанија, Португалија и источна Европа.

Ka-Sat ќе го покрие континентот со 80 точки каде ќе биде фокусиран сигнал кој ќе покрие илјадници километри. Секоја точка ќе има капацитет од 900MBps, поделена од секој корисник, а целиот сателит ќе има капацитет од 70Gbps.

„Има над 30 милиони домаќинства во Европа што немаат или имаат лоша услуга. Ова може да бидат луѓето во руралните средини или на планините, понекогаш многу далеку од големите градови. Ka-Sat е одговор на тој проблем.“, вели директорот на Eutelsat агенција, Мајкл де Росен за BBC.

Eutelstat, една од трите најголеми компании кои нудат услуги преку сателити, вели дека веќе има над 70 дистрибутери заинтересирани за услугата.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top