Вести

3.566 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб ИТ.МК

.eu.mk не е валидна наставка за домен име

(ова е текст на Иван Петрушевски од MK Host, првично објавен на неговиот блог)   Денес добив второ известување / изненадување за „новата“ tld наставка .eu.mk и морав да реагирам со овој пост. Не дека имам нешто против компанијата што ја рекламира оваа лажна домен наставка, туку затоа што несакам народот да биде измамен. Сакам да знаат кон што точно се изложуваат лицата кои ќе нарачаат домен (читајте sub-domain) со .eu.mk наставката (читајте домен име eu.mk).

16 коментари Прочитај 25 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Веб Друштвени мрежи

Моменталната состојба на интернетот, според The Oatmeal

Еден во тринаесет луѓе на планетава користи Facebook, Марк Зукерберг е огромен човек кој јаде луѓе, Google го закопа Wave и сите веднаш заборавија на него, Yahoo! го прекинува Delicious но корисниците сеуште го користат, Apple го објави Ping за кој никој не е заинтересиран, Groupon успева да ги возбуди младите луѓе да користат купони... ова и уште неколку комично прикажани стрипови реализирани од популарниот блог The Oatmeal ја појаснуваат моменталната состојба на интернетот.

0 коментари Прочитај 25 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Друштвени мрежи Свет

Видео на хрватски виолончелисти стана хит на YouTube

Видео спотот, римејк на песната Smooth Criminal од Мајкл Џексон, на хрватските виолончелисти Стјепан Хаусер и Лука Сулуќ стана вистински хит на YouTube. Видеото кое беше постирано пред само неколку дена, односно на 20.01.11, досега доби над 750.000 прегледи и преку 12.000 likes.

1 коментар Прочитај 25 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Хак-атак/Приватност

Chrome и Firefox ќе добијат „не следи“ опција за таргетирани реклами

Google и Mozilla најавија дека нивните прелистувачи Chrome, односно Firefox ќе имаат „не следи“ опција која ќе ги оневозможи таргетираните онлајн колачиња да ги следат активностите на корисниците.

0 коментари Прочитај 25 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Веб Друштвени мрежи

Визуелизирајте ги своите LinkedIn контакти

Доколку ја користите професионална друштвена мрежа Linkedin, оваа вест ќе ви биде интересна. Компанијата објави алатка, наречена InMaps, со која ќе можете да ги визуелизирате вашите бизнис контакти и да добиете презентација на вашиот професионален свет.

0 коментари Прочитај 25 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Софтвер

10.000.000.000 симнати апликации од Apple App Store

Аpple само што најави дека стигна до неверојатната бројка од 10 милијади симнати апликации од App Store, продавницата за апликации стартувана во јуни 2008 година.

1 коментар Прочитај 22 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Роботска стендап комедија

Хедер Најт од Marylin Monrobot лабораторијата на својот TED говор претстави робот, вештачка интелигенција која не само што кажува научени вицеви туку прави стендап изведба ориентирајќи се според расположението на публиката или „харизматична изведба на робот“. Роботот користи камера и микрофон да ги препознае боите на картичките преку кои публиката го искажува мислењето за шегата, по што продолжува да се адаптира во својата стендап комедија.

2 коментари Прочитај 21 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Концепт за Android уред со 3 флексибилни екрани на допир

Кристиjан Ларсен направи дизајнерски концепт за Android уред наречен Flip Phone, во облик на триаголник, кој има 3 екрани на допир кои се флексибилни и кои можат да се поврзат меѓу себе. Концептот е дојден од идејата дека паметните телефони се многу повеќе од само телефон, тогаш зошто да не го прошириме тоа искуство кое во моментот е врзано со еден мал екран. Додадете три флексибилни екрани и имате опција да стартувате различни апликации на секој од нив, или да ги поврзете да читате текст, или да ги споите да биде телефон.

0 коментари Прочитај 21 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб

YouTube со нова почетна страна

YouTube стартуваше нова почетна страна за сите корисници. Страната е со поголем фокус кон видеата, вели YouTube откако направиле истражувања со корисниците со цел да „ги нагласиме 'видеата за вас'." На страната сега ги нема не-толку-користените модули како „Видеа кои се гледаат во моментот“, а „Spotlight" и „Промотивните видеа“ се преместени на десната страна.

1 коментар Прочитај 21 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Google спрема сервис за групно купување

Google наскоро ќе го претстави Google Offers, сервис за групно купување налик на Groupon, кој пред некој месец одби да се продаде на Google за 6 милијарди долари.

0 коментари Прочитај 21 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook коментари во реално време

Facebook без некоја најава стартуваше опција коментарите да се прикажуваат во реално време. Коментарите се прикажуваат во стримот за вести или на профилите во момент на објавувањето, без потреба да се кликне Refresh на страната, налик на чет. Овие коментари е сличан со опцијата на FriendFeed друштвената мрежа која Facebook ја купи пред подолго време.

0 коментари Прочитај 21 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Firefox го блокира Skype тулбарот

Skype Toolbar додатокот за сите верзии на Firefox е деактивиран заради успорување на прелистувачот. Според Mozilla, во последната недела дена имало 40.000 срушувања на прелистувачот токму поради овој тулбар. Иако ова е проблем со тулбарот, Mozilla вели дека „просто кажано, на корисниците може да им се причини дека Firefox e спор.“

0 коментари Прочитај 21 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Шмит се повлече, основачот Лери Пејџ ќе директорува со Google

Досегашнииот извршен директор Ерик Шмит, кој го водеше Google 10 години, почнувајќи од 2001-ва кога основачите Лери Пејџ и Сергеј Брин имаа само 28, односно 27 години, се повлече од функцијата наведувајќи во блог пост дека одлуката е „заради поедноставување на менаџментската структура и забрзување на одлуките“.

4 коментари Прочитај 21 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи Софтвер

Apple спрема друштвен сервис за споделување на фотографии?

Според грешка во iOS 4.3 Beta 2 која прикажува PHOTOSTREAM_NO_NETWORK_WIFI порака, Gizmodo и 9to5 Mac откриваат дека Apple спрема нов сервис за споделување фотографии со пријателите, налик на споделувањето фотографии на Facebook, кое најверојатно ќе се појави со новиот iPhone 5 и iPad 2.

0 коментари Прочитај 20 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Слободен софтвер фондацијата го поддржа Google за WebM проектот

Му аплаудираме на Google за промената која е позитивен чекор за слободниот софтвер, неговите корисници и сите кои го користат Вебот, вели Слободен софтвер фондацијата коментирајќи за одлуката на Google да ја прекине поддршката за H.264 видео кодекот во Chrome прелистувачот, и да продолжи да го користи WebM проектот, во борбата на прифаќање на стандард за видео енкодирање. WebM е поддржан од Opera и Mozilla, додека H.264 е прифатен од Apple и Microsoft.

4 коментари Прочитај 20 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

Facebook треба да го имитира Apple за апликациите, вели Sophos

Како што Apple ги прегледува сите пријавени апликации, така тоа треба да го прави и Facebook решавајќи го проблемот со пристап на „затворена градина“, бидејќи така пола милијарда корисници ќе бидат побезбедни, вели безбедносната компанија Sophos во својот годишен безбедносен извештај (.pdf).

0 коментари Прочитај 20 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Бидете иновативни, направите бизнис план и добијте 5.000 евра!

Сите млади, креативни и иновативни луѓе до 35 години ќе можат да приложат свој бизнис план за било каква идеја, вклучувајќи и ИТ идеи за апликации, веб сервиси и стартапи, по што ќе имаат шанса да добијат дел од 21.000 евра вредниот награден фонд, на Националниот натпревар за бизнис план.

1 коментар Прочитај 20 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Интервјуа ИТ.МК

Интервју со Mарко Чаласан, ИТ личност на годината

Наскоро Марко Чаласан ќе патува во Цирих, кај Google, за да го презентира својот проект за пренесување на HD видео преку послаби мрежи, проект преку кој ќе понуди ИТ лекции за училиштата во Македонија; кога би избирал меѓу Бил Гејтс и Стив Балмер, двата директори на Microsoft, би го одбрал Гејтс, но сепак за Балмер вели „кога дојде тој, се е ново“; направил и крак за Nero, но родителите го спречиле да го објави на интернет бидејќи нели сепак краковите не се легални, а за ИТ наградата за личност на годината на .мк сцената, десетгодишниот Марко вели дека „навистина сум горд и им благодарам на сите“.

127 коментари Прочитај 20 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет Хардвер

Робот го имитира корисникот со хакнат Kinect

Се чини дека Kinect на Microsoft, уредот кој ги следи движењата на тело кое служи како контролор, не е врзан само за видео игрите, туку има доста поинтересни примени доколку се искористи (читај: хакне) правилно.

0 коментари Прочитај 19 јануари, 2011
Мени
Заедница
Изглед