„Сите промени се за да се направи простор за комбинирана листа на лично релевантни видеа направени од препораките за вас, вашата активност и видеата споделени од вашите пријатели.“, вели YouTube во блог пост.
Поголемите новини, од кои повеќето се забележуваат само доколку се логирате на сервисот, се:
- Зголемен фокус на видеа важни за корисникот (претплата, пријателско споделување, препораки)
- Лесно филтрирање на почетната страна за да може да се прикажуваат само најновите видеа од корисници кои ги следите
- Прикажување на сите видеа од каналите кои се следат
- Брз пристап до инбоксот доколку има нови пораки или коментари
- Одбележување со сиво на видеа кои се прегледани
- Тргање на видео само со поставување на глувчето врз видеото и кликање на X копче
(сликата е на Techcrunch)
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.