Вести

3.566 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Android сега е најпродаваниот паметен ОС во светот

Само две години од објавувањето, Android на Google стана најпродаваниот оперативен систем за паметни телефони во светот, надминувајќи го Symbian на Nokia, се вели во истражувањето на Canalys.

2 коментари Прочитај 31 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Хак-атак/Приватност

Место да се приватни, Facebook фотографии сe најдоа на јавен .мк портал

Македонскиот портал Бркај Работа си зеде за право да објави фотографии за „најпровокативни фејсбук-македонки“. Не само што немаа дозвола за сликите, кои се сигурно објавени на приватен профил и на Facebook, што е затворена мрежа, туку ги повикаа другите корисници да споделат уште фотографии од други нивни Facebook пријатели за да „се има увид во она што ни го нуди македонскиот фејсбук“.

29 коментари Прочитај 28 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Нов рекорд во пишување SMS, 264 карактери за 77 секунди

Колку бргу можете да искуцате SMS порака на мобилен со стандардната QWERTY тастатура?   Ако можете да искуцате 264 карактери за помалку од 77 секудни тогаш може ќе треба да се пробате во „брзи прсти“. Овој рекорд, кој е за неверојатни 43 секунди побрз од претходниот, го постави Чеонг Кит Ау од Австралија на овогодинешниот LG Mobile World Cup 2011.

0 коментари Прочитај 28 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Хак-атак/Приватност

Од 14.000 .мк сајтови само 49 имаат полиса за приватност

Секој веб сајт користи кориснички податоци. Од IP адреса, кој прелистувач користите и колку време сте на сајтот до колачиња за да се зачува да не мора да се логирате секоја посета, заради маркетинг или мерење на посетеност. Сите овие податоци се еден вид личен белег на корисникот. И сите овие податоци треба да бидат заштитени од самиот сајт, почнувајќи со информирање на корисникот.

3 коментари Прочитај 28 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Интервју со Никола Љушев, директор на VIP, ИТ компанија на годината

Vip оператор го стартуваше првиот Android натпревар, први донесоа таблет компјутер, се прогласи за најкомпанија на Twitter и беше прогласена на ИТ наградите како компанија на годината на .мк сцената. Направивме интервју со директорот на VIP, Никола Љушев кој освен што се заблагодари до корисниците на наградата сподели и интересни мислења за социјалните медиуми, паметните телефони и за наплив на таблет компјутерите.

15 коментари Прочитај 28 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Семос Едукација стартува учење ИТ од дома

Семос Едукација од 7 февруари ќе стартува оnline обука за Java, Мicrosoft и Cisco, наменето за луѓе кои не се од Скопје. На слушателот му е потребно веб камера за да го следи предавањето и микрофон доколку сака да постави прашање.

3 коментари Прочитај 28 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Koj e вашиот Facebook имејл? И во .мк старуваше новиот систем за пораки

При логирање на Facebook, мрежата ќе ве пречека со порака дека за вас е достапен новиот систем за пораки односно сега ќе си добиете свој вашеиме@facebook.com имејл со кој ќе може да праќате пораки до луѓето надвор од Facebook, за разлика од затворените Facebook пораки. Доколку сте го одбрале корисничкото име, тогаш тоа ќе ви биде мејлот, нема опција за менување.

7 коментари Прочитај 28 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Совети

Добијте iPhone нотификација кога ќе добиете поштенско писмо

Со iPhone апликацијата Prowl и Arduino етернет штит може да си направите вашето физичко поштенското сандаче да добиете информација на вашиот телефон кога ќе добиете поштенско писмо, велат од Мike Magazine.

0 коментари Прочитај 27 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Купувајте со пријателите, Fаcebook прототип за друштвено купување

Друштвената мрежа тестира Buy With Friends сервис. Кога корисникот ќе купи нешто преку апликација, неговиот продукт ќе се појави на неговиот Facebook ѕид. Кога пријателите ќе го видат тоа тие ќе можат да го купат истиот продукт, но на попуст директно од ѕидот, вид на групно купување, објаснува шефот за комерцијалните продукти во Facebook, Дебора Лиу на Inside Social Apps конференцијата во вторник. Интересно, кога ја тестирале опцијата повеќе од 50% од корисниците го споделиле со пријателите тоа што го купиле.

0 коментари Прочитај 27 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Софтвер

Наскоро PlayStation игри на Android уреди

PlayStation Suite е платформа која, за почеток, ќе ги донесе PlayStation Оne игрите на паметните уреди кои работат на Android 2.3 Gingerbread оперативен систем, што е прв пат за Sony да дозволи нивите игри да се достапни за други платформи.

0 коментари Прочитај 27 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Google со блага цензура за не-толку-пиратски сајтови и софтвер

Google ги стави torrent, Bittorent, utorrent, RapidShare, Megaupload... и други имиња на сајтови и софтвери кои се поврзани со пиратеријата, на црната листа на своето автокомплетирање и инстант пребарување.

3 коментари Прочитај 27 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Хардвер

Sony го претстави Next Generation Portable (PSP 2)

Sony го претстави NGP, следната генерација на портабилни уреди, продолжение на PSP 2 уредите. Се очекува NGP да се појави на пазарот до крај на 2011, и најверојатно тогаш ќе му се открие и цената. NGP ќе треба да биде сериозен конкурент на и конкурент на Nintendo 3DS кој ќе се претстави во март. Споредено со нивните претходници, Sony PSP претставен уште во 2004-та, продаде 64 милиони парчиња до денес, додека конкурентот Nintendo DS, исто претставен во 2004-та продаде двојно повеќе од тоа.

0 коментари Прочитај 27 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

BlackBerry уредите ќе користат Android апликации?

Research in Motion најверојатно ќе ја одбере Dalvik виртуелната машина за своите PlayBook и QNX уреди, пишува Boy Genious Report повикувајќи се на неколку извори.

1 коментар Прочитај 26 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

HTC ќе претстави два Facebook мобилни телефони?

<Надополнето>„Ова е само уште еден пример за производител кој го користи нашето јавно API и ги интегрира во нивните уреди на интересен начин.“, ијави главниот за бизнис развој во Facebook, Ден Роуз за Reuters.

0 коментари Прочитај 26 јануари, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Совети Софтвер

Soluto, анти-стрес софтвер

Soluto е софтвер кој ги пронаоѓа и решава грешките кои го успоруваат компутерот, користејќи ја својата PC Genome база на податоци за софтверите генерирана од други корисници.

2 коментари Прочитај 26 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Facebook претстави нови безбедносни опции, HTTPS за целиот сајт

Facebook претстави две нови опции за безбедност и заштитување на профилот. Се чини никој не ми кажал за опциите на основачот на мрежата Марк Закерберг, чија фан страна беше пробиена истиот ден кога се претставија и новите опции.

0 коментари Прочитај 26 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

„Нека почне хакирањето“: пробиена фан страната на Марк Закерберг

Беше пробиена фан страната на основачот на Facebook, Марк Закерберг. Тие што ја пробиле страната оставија порака:

3 коментари Прочитај 26 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Египет ги блокира друштвените мрежи заради протестите

Facebook и Тwitter се блокирани во Египет каде има демонстрации против Хосни Мубарак, кој владее со земјата уште од 1981 година. Според извештаите, организаторите на најголемите протести во последниве години во Египет ги користеле друштвените мрежи за да споделуваат инструкции за како да се избегне полицијата. Како и во Тунис претходно, повици за протести имаше и на Facebook и Twitter каде 90.000 луѓе се пријавија дека ќе бидат присутни, пишува Associated Press.

1 коментар Прочитај 25 јануари, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Grouper.mk продаде 110 купони за ден и половина

Новиот .мк сервис за групно купување Grouper.mk се пофали дека за ден и половина по стартувањето успеа да продаде 110 купони за фитнес пакети. Дополнително продадени се и 40 купони за аеробик и 50 купони за топло чоколадо, а во моментов и над 70 купони за пица.

8 коментари Прочитај 25 јануари, 2011
Мени
Заедница
Изглед