„Мислиме дека условите се созреани за да се стави во функција на едукативни цели оваа сега веќе испробана технологија. Оваа технологија овозможува класична интеракција: учител – студент, студент – учител преку електронските комуникации. Но секако придобивките се големи за оние кои не се во можност да патуваат секојдневно од аспект на тоа што трошоците за превоз и сместување значително ќе се намалат.”, вели Валентина Тасева, директор на Семос Едукација.
Ќе се користи WiZiQ софтверот, а за следење на предавањата е потребна 2 Mbps конекцијата, што е доволно за најслабите интернет пакети, но бендвитот може да биде проблем бидејќи сепак е видео стрим.
„Она што слушателот ќе гледа на својот монитор е мала слика од инструкторот во училницата, chat прозорец и desktop-от на инструкторот на која е презентацијата. Лабораториските вежби можат да се изработуваат локално на компјутерот на слушателот или да бидат директно поврзани со лабораториските компјутери во училницата на Семос Едукација. Бендвитот кој би бил искористен е незначително поголем од една класична remote desktop конекција.“
Повеќе информации на сајтот на Семос Едукација.








Супер услуга. Особено ги скратува маките на многу луѓе кои не се од Скопје. Браво !
Одлично, браво за Семос.
Не знам зашто, али кога ќе слушнам за овој тип на учење, во глава ми се врти Star Trek :)