Вести

3.565 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Мобилните телефони можеби предизвикуваат рак, предупредува WHO

Светската здравствена организација (WHO) ја oкарактеризира радијациајата од мобилните телефони на исто рамниште како можен „карценогена опасност“ со оловото, издувните гасови од автомобилите и клороформ.

0 коментари Прочитај 1 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

AMD ги претстави првите Desna чипови за таблет компјутери

Advanced Micro Devices ја објави идната стратегија и листа на идните производи од APU (Accelerated Processing Units) платформата на Computex 2011. Во презентацијата AMD откри дека не само што работи на чипови со ниска моќ наменети за 10 милијарди вредниот пазар на таблет компјутерите каде конкуренти му се Intel и ARM, туку истите веќе се испорачуваат до производителите.

0 коментари Прочитај 1 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Twitter го претстави Follow копчето

Follow копчето на Тwitter ќе овозможи твитерџиите полесно да се поврзуваат со брендовите и веб сајтовите. Исто како и Facebook Like, Follow копчето овозможува со еден клик да се поврзете со Twitter профилот на тoj веб сајт.

1 коментар Прочитај 1 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Вистиномер.мк ги споредува ветувањата со остварувањата на партиите

Веб алатката Вистиномер.мк на Метаморфозис фондацијата има интересен концепт да ги следи ветувањата на партиите, и преку „тим на стручни лица од соодветните области да ги анализира ветувањата на политичките субјекти и ги презентира во лесно читлива, агрегирана форма, заедно со систематски статистички податоци“. Секое идентификувано ветување добива оценка според степенот на исполнетост: исполнето, делумно исполнето или неисполнето.

4 коментари Прочитај 1 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Zynga ја стартува својата прва воена друштвена игра

Empires & Allies стартува на 1-ви јуни на 12 различни јазици. Друштвената игра е прва игра од Zynga каде играчите ќе пресметуваат меѓу себе, што е различно од претходните друштвени игри кои беа на фарми или по градови барајќи од играчите да размислуваат за економија.

2 коментари Прочитај 1 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб Мобилни

Android се поблиску до iOS во Македонија

И Android и iOS забележуваат раст во последниве шест месеци на пазарот на мобилните оперативни системи во Македонија. Нивниот раст се должи на падот на Symbian и Samsung.

0 коментари Прочитај 1 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Apple-овиот iCloud и Mac OS Lion ќе бидaт претставени на 6-ти јуни

Apple најави дека на 6-ти јуни ќе ги претстави новиот музички сервис iCloud и новиот Мac оперативен систем Lion, а ќе биде претставен и iOS 5 за мобилните уреди. Претставувањата ќе бидат дел од Worldwide Developers конференцијата во Сан Франциско. Најавено е дека Стив Џобс ќе ги претстави новините.

0 коментари Прочитај 31 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Сајбер напад е повик за војна, одреди американскиот Пентагон

Американскиот Пентагон одлучи дека компјутерска саботажа или сајбер напад кој доаѓа од друга земја е повик за војна на кој може да се одговори со користење на традиционални воени сили. Ова е одредено во првата официјална сајбер стратегија на Пентагон.

1 коментар Прочитај 31 мај, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески ИТ.МК

Истражување за интернет-присуство на македонските партии

Според истражувањето за активност на политичките партии на Интернет, три партии немаат сопствен сајт, другите пак се активни на Facebook за промоција на настаните и политичката пропаганда, а присуството на Тwitter е мало. Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија Социетас цивилис - Скопје (ИДСЦС) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во април 2011 г. направија истражување во кое се прикажува моменталната состојба (заклучно со 25 мај 2011 година) на интернет-страниците на партиите и коалициите кои учествуваат на парламентарните избори 2011.

0 коментари Прочитај 31 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Рецензии Хардвер

Прв поглед на Gigabyte P67A-UD3P-B3 матична плоча

P67A-UD3P-B3 е матична плоча претставена неодамна како дел од 6-тата серија на познатиот тајвански производител на плочи Gigabyte. P67A-UD3P-B3 не само што ќе изгледа одлично во вашето куќиште со својот иновативен дизајн и темна боја (за некои доста важен момент, за некои воопшто), туку ќе ги задоволи и поголемиот број од потребите со својата функционалност, брзина и стабилност.

3 коментари Прочитај 31 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Нема „страшни“ новини во најавениот Linux kernel 3.0

Линус Торвалдс официјално ја претстави 3.0 верзијата на Linux. Новата, стабилна 3.0 верзија ќе биде објавена на скорешниот 20-ти роденден на Linux.

1 коментар Прочитај 31 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

Google со редизајн на пребарувачот за iOS

Некои корисници на iPhone и iPad уредите ќе забележат нов, редизајниран google.com, каде покрај пребарувањето се истакнуваат сите други сервиси на Google како Images, Places, News, Shopping... како што може да се види од скриншотот погоре на phoneArena.

2 коментари Прочитај 31 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Twitter ќе стартува свој сервис за фотографии

Новиот сервис за споделување фотографии на Twitter ќе ги има сличните можности како познатите TwitPic и Yfrog, ќе може да се закачуваат фотографии, ќе има скратувач на линкови и ќе може да се споделуваат.

0 коментари Прочитај 31 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Совети Софтвер

Soluto сега ви помага да го средите и прелистувачот и срушувањата

Soluto е алатка која користејќи го корисничкото знаење ќе ве советува што да направите да го олесните стартувањето на компјутерот со тргање на непотребните работи, а сега, новиот Soluto ќе ви помогне да го олесните стартувањето на прелистувачот.

0 коментари Прочитај 30 мај, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Мобилни Свет

Microsoft заработува пет пати повеќе од Android отколку од Windows Phone

Во најновиот извештај на аналистот Волтер Причард стои дека Microsoft заработува пет пати повеќе од Android телефоните отколку од нивните Windows телефони. Ова навистина звучи многу чудно, но не и невозможно доколку се знае историјата на Microsoft и нивните тужби.

0 коментари Прочитај 30 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Свет

Samsung сака да го види iPhone 5 и iPad 3 за да се подготви за тужби

Адвокатите на Samsung поднесоа барање да ја видат најновата, следна генерација на iPhone, „безврска дали телефонот се вика iPhone 4S, iPhone 5 или некое друго име, заедно со финалната верзија на пакувањето со кое продуктот ќе биде испорачан“.

0 коментари Прочитај 30 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Свет

Гери Вeјнерчaк за дали би инвестирал во европски стартапи

Престанете да плачете што во вашата земја има само 4 милиони жители, и почните да сфаќата колкава предност е тоа. Ова е совет за сите европски инвеститори од Гери Вејнерчак, популарниот винар кој користејќи ги друштвените медиуми си го зголеми бизнисот со вино од 4 милиони на 60 милиони. Човекот е познат и по своите неверојатни мотивирачки говори на бројните сцени и настани каде објаснува како правилно да се искористи моќта на друштвените медиуми.

0 коментари Прочитај 30 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Свет

Дигиталното секојдневие: денес и утре

Од 7 милијарди луѓе на планетата, скоро 2 милијарди луѓе се поврзани на Интернет. Oд сите интернет корисници 500 милиони се на Facebook, 150 милиони се на Twitter. Тие прегледаа 2 милијарди видеа на YouTube и симнаа 7.9 милијарди мобилни апликации. Од нив 71 отсто се од Apple App Store. Има скоро 5 милијарди мобилни претплати, 470 милиони корисници на паметни телефони, 15 милиони корисници на iPad...

0 коментари Прочитај 30 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Дали друштвени мрежи се преценети? (инфографик)

Дали ќе им пукне балонот на друштвените мрежи?, односно дали ќе бидат преценети на огромни суми пари кои нема да можат да ги оправдаат бидејќи нивните реални приходи се десетпати помали од таа сума, дали се купуваат корисници наместо приходи?, прашува Gplus во својот инфографик.

2 коментари Прочитај 30 мај, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Софтвер

HTC вели телефоните ќе бидат со отклучен bootloader

HTC велејќи дека ги послуша корисниците, најави дека ќе ги отклучи bootloader-ите на своите идни телефони што ќе овозможи на корисниците да го заменат фабрички-инсталираниот оперативен систем и да си инсталираат своја модифицирана и персонализирана Android верзија без страв дека ќе си ја поништат гаранцијата.

0 коментари Прочитај 27 мај, 2011
Мени
Заедница
Изглед