Прв поглед на Gigabyte P67A-UD3P-B3 матична плоча

Самиот производител ова парче хардвер го опишува како „посебно дизајнирана матична плоча која може да достави исклучителни перформанси и прегледност за сите компјутерски потреби на еден модерен компјутерџија.” А според она што имавме можност да го забележиме, објаснувањето не е далеку од вистинската слика.

P67A-UD3P-B3 работи на Intel P67 чипсет кој има поддршка за втората генерација на Intel Core процесори, а исто така во плочата, како и кај скоро сите други Gigabyte матични плочи, е имплементирана и нивната Dual CPU Power технологија која овозможува делење на процесорските VRM циклуси во два сета кои подоцна функционираат во тандем. Со овој метод, преку Dual CPU Power технологија се овозможува 1 сет да се „одмори” додека другиот е активен, спротивно на традиционалниот начин каде што сите струјни сетови се секогаш активни.

Покрај Dual CPU Power технологијата, P67A-UD3P-B3 е поткрепена и со Ultra Durable 3 концептот на Gigabyte, кој игра значајна улога во оддржувањето, т.е. намалувањето на температурата со тоа што има застапено повеќе бакар во слоевите кои ја распространуваат топлината подалеку од критичните делови на плочата. Ultra Durable 3 ви дозволува и поголем простор за overclock, кој секако е препорачан само за поискусните корисници.

P67A-UD3P-B3 располага и со DualBIOS заштита, уште една патентирана технологија на Gigabyte која овозможува автоматско враќање на BIOS податоците доколку има проблеми со главниот BIOS. Ова е постигнато на тој начин што плочата има два физички интегрирани BIOS чипови. А последните неколку серии на матичните на Gigabyte поддржуваат и бутирање од 3+ терабајти хард дискови без потреба од претходно делење на партиции.

Табела со спецификации

CPU Support: LGA 1155 Intel® 2nd Generation Core Processors

Chipset: Intel® 6-series Chipset

Memory:  4 DIMMs
Dual Channel DDR3 1333 / 1066 / 800

Expansion slots: 2* PCI-e x16 ( 1×16 or 2×8)
3* PCI-e x1
2* PCI

Storage:  4* SATA 3Gbps , 4* SATA 6Gbps

4* USB 3.0, 14* USB 2.0

Audio: 8-Channel Audio

LAN: 1* PCI-e GbE

Form Factor: ATX

Others: DualBIOS™, Ultra Durable™ 3, On/Off Charge, 3x USB Power,



Останатите работите кои вредат да се истакнат кај оваа матична плоча се onboard SuperSpeed USB 3.0 и SATA 6 Gbps кои овозможуваат одлични брзини при трансфер на дата како и аудио поддршката за Dolby Home Theater која поддржува и аудио и до 8 канали, што за љубителите на добар звук може да игра голема улога.

Заклучок

Доколку сте активен и искусен компјутерџија кој има потреба од матична плоча која може ви понуди поголема стабилност и поддршка на останатиот хардвер, како и повеќе портови за олеснување на работата, супер брз трансфер на податоци, одлична аудио поддршка тогаш Gigabyte P67A-UD3P-B3 може да биде плоча за вас.

Доколку имате искуство со матичнава плоча, мислење, критика или пофалба, текстов е постирана и на форум.

(Рецензијата на Gigabyte P67A-UD3P-B3 е во соработка со Anhoch)

Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
jonnyGuru
jonnyGuru
11 years ago

Mnooogu jaka recenzija. Bravo decki :) rastur au au

Pero
Pero
11 years ago

Jaka e recenzijava nema sto :D

Влатко Стојанов
Влатко Стојанов
11 years ago

Е те тоа се траже бе дечки :браво: