0 коментари 2 мин. читање 1 јуни, 2011

Android се поблиску до iOS во Македонија

Статистиката е од StatCounter, а по тоа што може да се види е дека Android моментално има најголем и постојан раст, се искачи скоро до 25 отсто, што е разбирливо земајќи в обзир дека се повеќе има Android уреди во Македонија. iOS забележа мал пад, но и повторен раст oткако пристигна iPhone 4 во Македонија враќајќи се над 25%.

Моментално Symbian сè уште е на прво место, но се работи за платформа во умирање. Веќе во 2012-та ќе престанат да се продаваат Symbian уреди бидејќи Nokia ги замени со Windows Phone. Toa што може да биде интересно е што Nokia е доста омилен и достапен телефон за македонските корисници, па не би изненадило во 2012-та да видиме и брз раст на Windows Phone уредите бидејќи и двата брендови им се познати на корисниците.

Користењето на мобилниот оперативен систем може да се спореди и според посетите, односно користење на Интернетот преку тие уреди. Во овој случај според Google Analytics за It.com.mk забележуваме многу, многу, многу мал процент, само 0.22% од посетите на сајтот во мај дојдоа од мобилен уред. Интересно посетите од iPad се скоро три пати повеќе од посетите од Android, iPhone и Symbian заедно. Овој iPad тренд, виден и на други сајтови, можеби значи дека треба да ги почекаме таблет компјутерите да влезат комплетно на сцената за да го оцениме користењето на мобилниот интернет.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top