Вести

3.565 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Друштвени мрежи

Facebook тестира „случувања во реално време“

Facebook тестира страничен бар кој ќе се прикажува на десната страна од ѕидот и ќе прикажува активности кои се „случуваат сега“, oткрива Dazeinfo.

2 коментари Прочитај 13 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хак-атак/Приватност

Апсења на Anonymous членови? Tројца во Шпанија, 32 лица приведени во Турција

Турската полиција притвори 32 лица кои се поврзани со интернет нападите од пред три дена врз владини сајтови како протест против воведувањето на филтрите за интернет цензура. Наводно, според новинската агенција Anatolia, приведените, кои се од 12 турски града, се дел од групата хакери и интернет активисти, Anonymous.

2 коментари Прочитај 13 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни

iOS 5 ќе има и друштвена интеграција со Facebook, Flickr, LinkedIn и MySpace

Не само со Twitter, новиот мобилен оперативен систем на Apple, iOS 5, ќе има интеграција со Facebook, Flickr, LinkedIn и MySpace, пишува

0 коментари Прочитај 13 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа ИТ.МК

Граѓанско новинарство, протести, #martin… споделено од @Vnukot

Фотографии, слики од мобилен, блогови, видеа, Facebook постови и избришани групи, Twitter... се што е друштвено и можно за споделување на Интернет се искористи за да се пренесе информацијата за протестите против полициската бруталност. И покрај традиционалните медиуми, дел од нив инертни, друштвените медиуми и граѓанското новинарство беа изворот за сурови, необработени информации за што се случува по улиците на Скопје и Битола.

3 коментари Прочитај 13 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Веќе нема потсмевање, скопската автобуска станица си доби нов сајт

Скопската автобуска станица има нов сајт кој што функционира со цела листа на градскиот и меѓуградскиот возен ред. Има и Facebook Like и Digg копче, па и Google Buzz. А дефинитивно нема да најдете .мк сајт со поголем избор на јазици. Има верзија на тајвански, литвански, велшски, баскиски, две верзии на кинески, словенечки, белориску, хаитски, азербејџански, свахили!, индонезиски...

16 коментари Прочитај 9 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Интернет пристап е човеково право, одлучија Обединетите нации

Секое исклучување на луѓето од Интернет или ограничување на пристапот до информациите онлајн ќе значи и прекршување на основните човекови права кои се заштитени со интернационално право, се вели во извештајот на Обединетите нации.

1 коментар Прочитај 9 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Играње Angry Birds во живо

Со цел да се промовира брендот, T-Mobile во Барселона постави платформа за играње Angry Birds во живо. Не сум баш сигурен како успеале да го направат ова во видеото, но изгледа навистина кул, посебно кога експлодираат свињите. Дури има и оркестар кој ја свири музиката од Angry Birds.

2 коментари Прочитај 9 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Среќен прв роденден Fancy.mk! (инфографик)

Fancy.mk, сајтот за „зависици од добри парчиња облека“, слави една година од постоењето со инфографик и забава на која се поканети сите фанови. Инфографикот е изработен од Каспаров Благој кој им честита на „правилното користење на социјалните мрежи во аспект на маркетинг“.

0 коментари Прочитај 9 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи ИТ.МК

Улогата на насилни постови и зошто МВР брише Facebook групи

МВР со помош од Facebook избришале неколку Facebook групи кои беа на некој начин поврзани со протестите против полициската бруталност, предизвикани од убиството на 22-годишниот Мартин Нешковски, кој беше претепан до смрт од пoлициски специјалец. Друштвените мрежи одиграа, и уште се, движечкиот фактор преку кој се организираат протестите против полициско насилство, па бришењето на ваквите групи токму од страна на МВР се сфаќа како обид протестите да се спречат.

20 коментари Прочитај 9 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Рецензии Хардвер

Прв поглед на Archos 7 и 10.1-инчен таблет компјутер

Не се iPad, но седум и десет-инчниот Archos таблет компјутер е поефтина Android 2.2.1 опција која е одлична за читање и прегледување на веб сајтови. Archos 101 е еден од најголемите вакви уреди на пазарот, поголем и од 9.7-инчниот iPad. Иако е голем, сепак уредот е доста тенок, само 12mm, односно 10mm за 7-инчниот модел, и тежат само 480 грама, односно Аrchos 70 тежи само 300 грама.

2 коментари Прочитај 8 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни Свет

Хрватскиот Trambus и српскиот Taksiko се финалисти на европскиот Startup 2.0

Две регионални мобилни апликации влегоа меѓу петте финалисти на Startap 2.0, европски натпревар за мобилни апликации. Trambus и Taksiko ќе имаат шанса да импресионираат на Nonick, интернационална конференција за интернет трендови во Билбао на 17-18 јуни.

0 коментари Прочитај 8 јуни, 2011
Редакција
1
Мартин Јовчески Хак-атак/Приватност

Facebook се извини за вклучување на препознавањето на лица

Надополнето: Откако наиде на критики за нарушување на приватност, Facebook се извини што го стартувал препознавањето на лица за тагирање, велејќи дека требале да ги информираат корисниците.

0 коментари Прочитај 8 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Е3 Еxpo '11: Ubisoft, Nintendo Wii U и Sony Move

E3 Expo 2011 продолжува со презентациите на Ubisoft кои го вратија Rayman, следени од Sony кои се извинуваа за хакнувањата на Playstation Network, но и го претставија новиот контролер Move, и следени од Nintendo кои исто така, покрај нови наслови, го претставија својот нов контролер Nintendo WII U. Ви ги претставувам најинтересните моменти од презентациите.

1 коментар Прочитај 8 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Друштвени мрежи

WordPress додаде коментирање со Twitter и Facebook

На сите Wordpress блогови е додадена опција за коментирање со Twitter и Facebook профил. Корисниците ќе можат да бидат логирани на различни профили, за да биде полесно да си го одберат преку кој сакаат да коментираат.

1 коментар Прочитај 8 јуни, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Гласните друштвени мрежи организираа протести против полициското насилство #martin

Благодарение на виралното информирање на македонските друштвени мрежи се откри дека 22-годишниот Мартин Нешковски е претепан до смрт од припадник на специјални сили на полицијата во неделата вечер. Гневните граѓани со помош на мрежите организираа протести против полициската бруталност.

10 коментари Прочитај 7 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Е3 Еxpo 2011-та продолжува со Mass Effect 3, NSF: Run, Sims Social…

По конференцијата на Microsoft следеше EA Games, со оглед на тоа дека издавачите на игри имаат и своја играчка програма која се одржува посебно овие пресови и не се премногу атрактивни за разлика од презентацијата на игрите преку играње. Конференцијата ја водеше Peter Moore од EA Games кој се трудеше да биде порелаксиран од презентерите на Microsoft. Оваа година презентираа 9 игри за кој очекуваат голем успех.

0 коментари Прочитај 7 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Мобилни

Apple iCloud е iTunes складиште во облакот кое ги синхронизира сите iOS уреди

iCloud на Apple е апликација која ви ги закачува вашите фајлови на облакот, т.е. на веб, и преку која ќе може да пристапите до нив преку било кој компјутер или било кој iOS уред. Можеби сте запознаени со Dropbox, SugarSync, Amazone Cloud Drive и Google Docs… сите тие се сервиси во облакот, слични на iCloud. […]

0 коментари Прочитај 7 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Софтвер

Новиот iOS 5 доби нотификации и има интегриран Twitter

Интересната новина во iOS 5 е Twitter интеграцијата и систем од нотификации кои кога ќе се случи нешто ќе се појавуваат на врвот на iOS екранот без да го прекинуваат користењето на апликациите. Со извлекување на горниот дел ќе може да се прегледаат сите нотификации, што е слично со Android уредите. Нотификациите ќе се појавуваат и на почетната страна за отклучување на iPhone и другите iOS уреди. На тој екран сега ќе можат да се поставуваат виџети за следење на имејл или резултати во живо.

2 коментари Прочитај 7 јуни, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Софтвер

Претставен Mac OS X Lion

Аpple на својата WWDC 2011 конференција откри дека има 54 милиони Mac корисници ширум светот кои сега ќе можат да го купат новиот Mac OS X Lion преку веб за 29 долари.

0 коментари Прочитај 7 јуни, 2011
Мени
Заедница
Изглед