Instagram има над 5 милиони корисници, а само 4 вработени
Instagram за iPhone надмина 5 милиони корисници, односно 625.000 корисници по месец откако постои апликацијата. Преку стартапот во осумте месеци од кога е стартуван се има споделено 95 милиони фотографии, по 860.000 на ден. Aпликацијата за споделување и модифицирање на фотографии има по 1.25 милион корисници за секој вработен во Instagram, односно стартапот има само 4 вработени.