Wikipedia додава љубовно копче да ја мотивира заедницата
Онлајн енциклопедијата ќе додаде експериментално WikiLove копче, со кое корисниците ќе се наградуваат меѓу себе и со тоа ќе се мотивираат да го продолжат со уредување на страните.
Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.
Онлајн енциклопедијата ќе додаде експериментално WikiLove копче, со кое корисниците ќе се наградуваат меѓу себе и со тоа ќе се мотивираат да го продолжат со уредување на страните.
Skype за iPad се уште се нема појавено на iTunes, но компанијата веќе започна да закачува промотивни видеа на YouTube. Сфаќајќи ја грешката Skype го повлече видеото, но не пред еден корисник да го симне и закачи под свое име (за жал без аудио).
По 50 дена хакирање на разни сајтови и привлекување на огромно медиумско влијание, хакерската група LulzSec се растури. Lulz бродот се укотви, како што велат хакерите во својата официјална изјава, на истиот ден кога е роденденот на авторот Џорџ Орвел, познат по книгата „1984“.
Мicrosoft Македонија ги претстави јазичните интерфејс пакети со кои се преведуват на македонски јазик Windows 7 оперативниот систем и Office 2010 алатките. Јазичните пакети можат да се симнат бесплатно.
Valve се одлучи да ја направи Теам Fortress 2 бесплатна за сите. „Нема трик тука! Играјте колку сакате, колку време сакате.“, вели Valve.
Twitter спрема промени кои ќе донесат „промовирани твитови“ директно во корисничкиот стрим, открива. Овие промени за огромно незадоволство на твитерџиите ќе се случат во следниве два месеци.
Во последниве неколку месеци се хакнати неколку милиони профили на онлајн гејмери, PSN, Bethseda, Codemasters, а минатата недела се украдео податоци на 1.3 милиони корисници на SEGA. И покрај тоа што вината за овие пробивања никако не е кај корисниците, овој текст е за мерките кои можат за ги предземат играчите на MMO игри за посигурно играње.
Идејата треба да се реализира, вели 18-годишниот Свен Капуџија од Хрватска, кој е креатор на Trambus, апликација за јавен превоз која го освои второто место на европскиот натпревар Startup 2.0.
Повикајте такси само со еден клик без да го знаете телефонскиот број - ова е идејата зад Тaksiko, победничката мобилна апликација на европскиот Startup 2.0. Aпликацијата е навистина интересна и ветува. Taksiko не само што го поврзува корисникот и најблиското такси користејќи гео-локација, туку се споделува дестинацијата и цената меѓу двете страни, се следи таксито, се води статистика за секој клиент, и им се нудат попусти за лојалност на клиентите.
Facebook станува се поголем и поголем, и тоа се побрзо и побрзо. Бројката од 750 милиони корисници не е официјална, Facebook сè уште ја нема променето официјалната статистика од 500-те милиони, но доаѓа од извори на TechCrunch и се поклопува со претходни извештаи, и искрено воопшто не изненадува.
Симболично, додека се префрлува Symbian во рацете на Аccentura кои имаат договор да ја оддржуваат платформата во живот до 2016-та, директорот на Nokia, Стефан Елоп го покажа првиот Nokia Windows Phone телефон со работно име „Sea Ray".
Fourquare само по две години од стартувањето влезе во одлично-за-негов-раст партнерство со гигантот American Express. Соработката ќе значи дека секој корисник на кредитните картички ќе има попуст во некои продавници и ресторани кога ќе се чекира и плати со картичката.
Околу педесетина сервери во САД, Франција, Британија, Шведска, Германија, Латвија, Литванија и Холандија се запленети од властите во акција да се спречи криминална шема која заработила до 72 милиони долари.
Во малку бизарен момент Џејсон Валдез, 36, од Јута, САД, преку Facebook ги информираше пријателите и фамилијата дека пука кон полицијата додека седи барикадиран во хотелска соба цели 16 часа.
Google потврди дека работи на Games платформа со објавен оглас за работа во кој бара продукт менаџер за идната Games платформа. Освен стандардните побарувачки во еден оглас: иновативност, тимска работа, одговорност, анализа итн. итн. во улогата за рабатата се наведува дека продукт менаџерот ќе има „шанса да расте целосно нов бизнис - Games at Google!".
Како што се повеќе корисници се „закачуваат“ на Интернет, така веб сајтовите ќе забележуваат се поголеми посети и користеност, посебно огромните интернет компании како Googlе кој стана првата компанија која забележа 1.009.699.000 посетители на своите веб сајтови во мај, според comScore, компанија која следи веб податоци.
Сигурно не се изнанадувате од високите температури како што тоа секоја година не изненадува снегот, но е препорачливо да се знае кога не очекува топлотен бран и дали воопшто да се излегува надвор на сонце во тој период.
Новиот iPhone 5 или 4S, зависно кое име ќе му го даде Apple, ќе се појави во септември, и според традицијата на Apple ќе биде претставен заедно со iOS 5 оперативниот систем на кој што ќе работи телефонот, пишува Bloomberg повикувајќи се на анонимни извори кои се блиски со плановите на компанијата.
Google ги повика програмерите да се приклучат во развој на WebRTC, нова веб технологија за гласовна и видео комуникација на мрежата, која ќе биде додадена во Chrome и која, зависно од можностите, можеби ќе биде конкурент на Skype кој беше купен од Microsoft за неверојатни 8.5 милијарди долари што предизвика незадоволство кај многу корисници.
Dropbox дозволи сите кориснички податоци да бидат на отворено скоро 4 часа во неделата. Тоа, вели сервисот за складирање на фајлови во облакот, не требаше да се случи. Но, бидејќи се случи, не само на Dropbox, туку многу сервиси во облакот се недоволно заштитени и имаат пропусти, најдовме неколку решенија кои можат уште повеќе да ги заштитат фајловите кои се закачуваат на веб.