Полицијата дошла до хотелската соба на Валдез со цел да го притворат откако тој не се појавил во суд. Тој бил гонен за поседување на дрога. Тој се забарикадирал во хотелската соба и започнал да пука кон полицијата, во меѓувреме пишувајќи на својот Facebook профил, преку мобилен телефон, за како „испукал неколку куршуми кон полицијата“ бидејќи му се доближувале. Тој закачил и две фотографии на Facebook со девојката која била со него велејќи дека „има сладок заложник“.
Ситуацијата завршила кога специјалците со сила влегле во собата, по што Валдез си пукал во градите. Моментално тој е во болница и во критична состојба. Полицијата вели дека Facebook статусите се лично негови, но не биле свесни во тоа време дека тој ги постирал во реално време.









