1 коментар 1 мин. читање

Барате работа? Google бара луѓе за идната Games платформа

Ова е можеби првата потврда, по куп шпекулации и претпоставки, од Google дека работи на Games, што се уште е ИТ поле каде интернет гигантот нема вмешано прсти.

Покрај дистрибуција на игрите и откривање, идентитетот на играчите и механиката на игрите, Google вели дека идниот продукт менаџер ќе може да дизајнира корисничко искуство кои ќе влијае „значително на Google-овата друштвена платформа“. Ова значи дека игрите ќе бидат друштвени, иако тоа и требаше да се очекува бидејќи конкуренцијата е Facebook.

Google додава и дека приватноста ќе биде дел од работата на идниот продукт менаџер, заедно со бизнисот и техничките API-ја.

Можеби некој е заинтересиран за позицијата?

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top