Бета верзијата на Firefox за Android има гостинско прелистување

во Мобилни

Бета верзијата на Firefox за Android, која од пред неколку денови е достапна за преземање, покрај подобрувањето на корисничкиот интерфејс, нуди и можност за гостинско прелистување со кое се овозможува корисникот да го сподели прелистувачот со своите пријатели. Firefox за Android содржи и алатки за развивачите како далечно дебагирање и подобрување на SkiaGL за побрзо и подобро веб искуство.

Гостинското прелистување ви овозможува да го споделите својот уред со некој од пријателите, а притоа да ги заштитите своите активни јазичиња. Со помош на гостинското прелистување ќе може да се создаде нова сесија која ќе трае се додека гостинот не ја исклучи. Со прекинувањето на таа сесија се бришат сите негови податоци, а вие ќе може да продолжите од таму каде што застанал.

Firefox нуди можност за директно менување на позадината на екранот или поставување на фотографија на некој од контактите во телефонот. Се што треба да се направи е само да задржете над фотографијата, при што ќе ви се појави опцијата Set Image As и ќе ја изберете посакуваната акција. Новата верзија поддржува далечно дебагирање, односно овозможува развивачите да ги дебагираат своите страници преку своите десктоп уреди.

Новата верзија на Firefox за Android е достапна на 27 различни јазици, а бета верзијата можете да ја преземете од овде.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk