0 коментари 1 мин. читање

FIFA 14 е достапна бесплатно за iOS и Android

EA ја објави мобилната верзија на најновата FIFA 14 која може да ја преземете бесплатно за iOS и Android. Оригиналната игра за PlayStation, Xbox и десктоп ќе биде достапна од 27-ми септември во Европа.

Бесплатната мобилна верзија не значи дека EA заборави на профитот од најновото издание на една од најпопуларните спортски франчизи. Во апликацијата има микротрансакции кои отклучуваат различни модови како Mаnager, беџови и играчи, но сепак има доволно бесплатни работи како Ultimate Team за градење на тимот од соништата и играње натпревари со пријателите.

Се разбира, мобилната верзија е далеку посиромашна од оригиналната верзија за конзолите и десктоп компјутерите, но сепак има доста добар енџин и доволно контроли за одлични натпревари. Touch Flow Controls на допир се дизајнирани за да може да шутирате со лизгање на прстите и да ги влечете играчите на терен, но, тие се малку тешки за совладување, па ако сте навикнале на старите контроли ќе може да се префрлите на нив. Мобилната FIFA 14 тежи 1 GB, но доколку сакате коментатор ќе треба да симнете дополнителен аудио фајл кој тежи некој MB плус.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top