Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

Twitter ќе спамира со имејл нотификации. Како да ги изгаснете?

Twitter ќе почне да праќа имејл нотификации за сите ретвитови, спомнувања, фаворизирање на вашите твитови и продукти и надоградби на сервисот, покрај досегашниве имејл пораки кога некој ви праќа директна порака (DM) или доколку некој започне да ве следи.

1 коментар Прочитај 25 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Статии

Неправилностите на изборите ќе се следат со Ushahidi платформата

Ushahidi поради својата одлична можност за мапирање на итни настани со помош на сите инволвирани во истите беше изгласан како пионир на технологијата за 2010, а самата платформа се покажа неверојатно корисна во бројни примери ширум светот за следење на изборите и помагање при незгоди и природни катастрофи.

1 коментар Прочитај 25 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Microsoft ја претстави Mango надоградбата на Windows Phone

Mango со своите новини го освежува Windows Phone во надеж дека ќе стане сериозен конкурент на Apple iPhone и Google Android телефоните. Microsoft веќе ги објави софтверските алатки за програмерите да креираат апликации, а самата надоградба ќе се појави на есен.

0 коментари Прочитај 25 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Статии

Што (не) се случуваше на Лан Фест 2011?

<Надополнето со изјава од организаторот:> Подолу е изјава од Лазар Поп Трајков, еден од организаторите , кој ни одговори на претходно пратениот имејл за првиот Лан Фест 2011.   „Одзивот за предавањата беше реален т.е. некои се откажаа поради тоа што на луѓето не им се допаѓа таа тема или лошиот термин. Некои се одржаа со 10-20 луѓе, на некои имаше и по 130-140, така да не само што е реално туку и успешно за прв пат. Не разбирам зошто се гледа на неуспех на овој сегмент. Имаше странски презентери и експерти од познати брендови кои не секој ден можат да ги следат, како и локални експерти и презентери и сето тоа за 90 денари на ден или 300 за трите дена.“, вели Лазар додавајќи дека причитине за непосетеноста можеби е „скептичноста“ бидејќи е прв настан, можеби бидејќи саботата се учеше, заради изборите и партиското етикетирање и недоволен маркетинг од медиумите кои се занимаваа со политика.

7 коментари Прочитај 23 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

Дознајте која политичка партија ви одговора со Гласомер.мк

Гласомер.мк е веб алатка за едукација и споредба на своето со политичкото мислење за парламентарните избори 2011-та.

17 коментари Прочитај 20 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

Сите огласи на едно место.мк

Ситеогласи.мк е сервис кој ги собира сите огласи од разни веб .мк страни како Пазар3, Реклама5, Огласуваме и други, и ги презентира на едно место. Сервисот е агрегатор, налик на time.mk и daily.mk, само за огласи, не за вести.

3 коментари Прочитај 20 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб Мобилни

Playboy го заoбиколи Apple за да ги донесе сите свои голи девојки на iPad

i.Playboy.com e нов сајт дизајниран за iPad кој, преку претплата од 8 долари месечно, ќе овозможи пристап до сите објавени-во-последниве-57-години броеви на магазинот заедно си сите нецензурирани фотографии од девојки од сите изданија.

0 коментари Прочитај 20 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

.мк програмер пофален од Huffington Post за добрата Chrome екстензија

SpeakIT! е една од единаесте најдобри екстензии за Chrome прелистувачот, вели популарниот американски блог Huffington Post. SpeakiT! e изработена од SkechBoy a.к.а. Трајче Петров, кој е и еден од креаторите на онлајн играта Mafia.mk.

5 коментари Прочитај 20 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Акциите на LinkedIn пораснаа 150%, мрежата вреди 10 милијарди долари

LinkedIn излезе на берзата започнувајќи го јавното надавање со 45 долари по акција, a искачувајќи се до 112 долари по акција што е 150 отсто повеќе што значи дека компанијата достигна вредност од неверојатни 10 милијарди долари. LinkedIn, основан пред осум години, е најголемото јавно надавање на интернет компанија по Google.

1 коментар Прочитај 19 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хак-атак/Приватност

Хрватската полиција ќе може да прислушува кого сака и да ги следи пиратите

Нов закон во Хрватска од први септември 2011-та ќе и дозволи на полицијата да го прислушува кого сака, да следи интернет сообраќај на корисниците, како и да поставува камери и микрофони по домовите на хрватските граѓани, пишува Vecernji.hr.

1 коментар Прочитај 18 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Bing и Facebook го ставија Google во тесно

Bing, интернет пребарувачот на Microsoft, го додаде Facebook Like копчето покрај своите резултати. Ова е директен одговор на новата Google +1 опција за споделување, со која Google всушност требаше да започне да ги користи своите друштвени „слоеви“ и да стане конкурент на Facebook. Но, сега не само што треба да се грижи за друштвенот Facebook туку и за пребарувачот Bing кој сега стана многу поинтересен за користење. Секако, Google се уште е супериорен на пазарот на пребарување, во Македонија над 95% од корисниците го користат, па можеби и не е толку лошо да има посериозна конкуренција.

8 коментари Прочитај 17 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Windows Phone 7.5 ќе има имејл разговори на почетниот екран

Во исчекување на Mango, што е име на следната 7.5 надоградбата на Windows Phone, која би требало да се пушти покасно во годината, Мicrosoft откри слики кои прикажуваат бизнис можности на Windows Phone, односно се гледа дека имејл фолдерите и RSS фидовите се прикачени на почетниот екран за брзо читање. Имејловите во инбоксот ќе бидат организирани како разговори, врзувајќи ги одговорите за еден имејл, налик како што е новиот систем за пораки на Facebook, каде сите разговори со еден корисник се на едно место.

0 коментари Прочитај 17 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

Seavus ќе го стартува Soc.io Mall, трговски центар за Android апликации

Soc.io Mall на Seavus е трговски центар за Android апликации каде брендовите можат да си брендидараат онлајн простор - Shop in a Shop, и да продаваат од е-книги до мобилни апликации и музика. Фокусот на центарот е „персонализација на брендот и поврзување со корисниците“ вели продукт менаџерот за Soc.io Mall, Ирена Чаловска со која направивме кратко интервју да ни ја објасни продавницата.

1 коментар Прочитај 16 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Не ми го чепкајте Интернетот! Турците со протести против цензура

Со „Не ми го чепкајте Интернетот“ и „Да, банираме!“ слогани десетина илјади турски интернет корисници во неделата излегоа на протести во Истанбул, Анкара и други турски градови, барајќи слободен Интернет без цензура. Протестите се организирани преку Facebook, групата има над 600.000 луѓе, а како мотив е одлуката на Турскиот интернет регулатор (BTК) да воведе филтри за цензурирање на содржината.

0 коментари Прочитај 16 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Без паника по студентските домови, Oкно.мк не е цензуриран

На Facebook ѕидот на Окно.мк се појави скриншот од кој се гледедека сајтот е блокиран низ студентските домови заради порнографија. Бидејќи интернет врската ја обезбедува Министерството за образование веднаш се помисли на политичка цензура бидејќи Окно.мк е „анти-естаблишмент“. Но, се појави дека Mинистерството користи Gateway кој е селектиран според клучни зборови да го лимитира трошењето на интернет сообраќајот по студентските домови.

30 коментари Прочитај 13 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Фатен на дело! Facebook најмил новинари да шират лаги за Google

Facebook тајно најмил ПР агенција да шири лаги за Google, пишува Daily Beast. Поранешен новинар на CNBC, Џим Голдман, кој сега работи како ПР претсавник во Burson Marsteller се обидувал да продаде приказна на блогери и новинари за Gmail Social Circle кој наводно ќе ја наруши приватноста на милиони корисници, ветувајќи им на блогерите дека ако ја истражат приказната ќе бидат објавени во влијателни медиуми.

1 коментар Прочитај 12 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Мобилни

Сега може да купувате Android апликации и од Македонија

<Надополнето>Се чини дека со „наскоро“ Google мислеше на веднаш. Македонските Аndroid корисници веќе можат да се купуваат апликации од Android Market. Доколку ја стартувате продавницата од вашиот мобилен ќе добиете Top Paid, Top Free и Just In категорија за пребарување на апликации. (tnx до @Goth_fifty и @MarjanIvanovski за инфото)

3 коментари Прочитај 12 мај, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Ice Cream Sandwich ќе ја реши фрагментацијата на Аndroid, вели Google

Ice Cream Sandwich, најновата 2.4 верзија на мобилниот оперативен систем Android, ќе се обиде преку алатки за програмерите да го реши проблемот со фрагментацијата на платформата, кој е расфрлена на над 300 разни Android уреди кои користат разни верзии од оперативниот систем.

0 коментари Прочитај 11 мај, 2011
Мени
Заедница
Изглед