Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Radiohead со нова бесплатна песна

  Radiohead продолжува со својот храбар бизнис план. Бендот го објави најновиот сингл „These are my twisted words" на својот веб сајт. Песната е бесплатна за симнување, но ако сакате да придонесете кон работата на бендот тогаш можете да платите колку што мислите дека треба.

0 коментари Прочитај 17 август, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Googlе, првиот светски бренд вреден над 100 милијарди долари

Google трета година по ред е највредниот бренд во светот, вели Millward Brown, компанија која се бави со бренд и маркетинг истражувања. Најновото нивно истражување покажува дека Google брендот вреди над 100 милијарди долари, што ги прави првиот бренд што ја достигнал таа бројка.

0 коментари Прочитај 7 август, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Ова е почеток на вистински глобално општество

  Моќта на технологијата, како блоговите, значи дека светот не е веќе воден од елитата, рече британскиот премиер Гордон Браун во својот говор на TED Global конференцијата. Појавувањето на г-дин. Браун на конференцијата беше изненадувачки бидејќи на ТЕD, кратко од Тechnology, Entertainment, Design зборуваат врвни мислители, иноватори и научници, секој експерт во своето научно поле. Можеби и Гордон Браун како експерт во политика, а не како политичар?

0 коментари Прочитај 23 јули, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хак-атак/Приватност

Кој стои зад спамот од Нигерија?

  Секој од нас добил барем една е-маил порака од амбасадор или важна личност од некоја афричка земја која бара ваша помош да префрли неколку милиони долари бидејќи е протеран од земјата или неговата сметка е блокрана итн... За трансферот му се потребни вашите информации за кредитна картичка или сметка од банка, а за возврат ќе добиете 10% од парите.

0 коментари Прочитај 22 јули, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Twitter повторно прв во известувањето

Првите вести за експлозија на две бомби во Ritz Carlton и Marriott хотелите во Џакарта, Индонезија кои се случија во раните утрински часови во петокот, се појавија на сервисот за микро-блогирање. Според австралискиот весник ABC News, првиот твит за бомбардирањето бил од Даниел Тумива, кој твитал преку Ping.fm сервисот кој служи за постирање на друштвените мрежи преку мобилен.

0 коментари Прочитај 22 јули, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Вести

Неколку start-ups од Израел

„Start-up“ терминот често се користи за да се посочи на нови ИТ компании или проекти кои се во развој. Глобалната start-up сцена е огромна бидејќи интернетот е игралиште за многу разновидни, иновативни и корисни идеи за онлајн сервиси. Дел од таа сцена неодамна се презентираше во Тел Авив каде се се одржа TWS 2009, настан на кој беа промовирани неколку израелски start-up компании и ИТ проекти.   На ТWS 2009 беа претставени 10 проекти, целата листа можете да ја најдете на TechCrunch, а ние издвоивме само неколку кои според нашето мислење навистина имаат што да понудат.

0 коментари Прочитај 21 јули, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа

Интервју со Апостол Тноковски

“Индустриски Дизајн, македонски талент wooooow!!!“, ова е наслов на темата отворена на форумот на IТ.com.mk откако некои наши членови ја забележаа галеријата на Aпостол Тноковски на Deviant Art, друштвена мрежа за фотографија и графички дизајн. Aпостол Тноковски има 26 години и моментално ги привршува студиите по графички дизајн на факултетот за Арт и дизајн на […]

0 коментари Прочитај 10 јули, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Со блог до Јужниот пол

Трчајќи 110 километри низ Сахара, екстремниот спортист Реј Захаб станува свесен дека светот има проблем со недостаток на вода. Тој станува свесен дека тие проблеми најмногу влијаат на младите. Затоа за да ја подигне свеста за екологијата тој се одлучува на авантура кон Јужниот пол. За таа негова авантура на Антартика, која евентуално ќе заврши […]

0 коментари Прочитај 3 јули, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Смртта на Мајкл Џексон го сруши интернетот

Иако беше надвор од сцената повеќе од 10 години, смртта на Мајкл Џексон предизвика феномен што сруши неколку сајтови, a интересот за неговата смрт го натера Google да се уплаши поради огромниот број посетители бидејќи „верувавме дека се работи за хакерски напад“, изјави Google за BBC.

0 коментари Прочитај 26 јуни, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Аналитички поглед на иранскиот интернет

Протестите во Иран продолжуваат. Иако се прогласени како нелегални од Ајатолах Али Кхаменеи, врховниот лидер на Иран, сепак активистите повторно излегоа на улиците и се судрија со полицијата. Има и жртви... видеото снимено со мобилен за иранската девојка Неда Солтан во моментите на умирање откако беше застрелана, е еден од најбараните термини преку друштвените мрежи. Интернетот стана алатка преку која светот дознава за деталите од протестите, додека владата на Иран се обидува да го блокира.

0 коментари Прочитај 22 јуни, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Зарем 1 песна вреди повеќе од човечки живот?

Џејми Томас-Расет е казнета со 1.92 милиони долари казна бидејќи споделувала 24 песни заштитени со авторски права преку сервисот Kazaa. Таа е првиот индивидуалец кој што е суден и казнет за споделување на фајлови. Г-ѓа. Томас-Расет прв пат беше казнета 2007 година кога судот ја осуди за виновна и ѝ нареди да плати казна од 220.000 долари. Таа потоа бараше ново судење и ауч... Сега наместо 200.000 долари таа треба да плати скоро 2 милиони долари за 24 песни, по 80.000 од песна.

0 коментари Прочитај 20 јуни, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Twitter е потребен за протестите

(© http://www.flickr.com/photos/mousavi1388/) Незадоволни од повторното избирање на Махмуд Ахмадинеџад како претседател на Иран, веќе два дена низ улиците на Техеран, активисти и приврзаници на Мир-Хосеин Мусафи, против-кандидатот на претседателот Ахмадинеџад, се судрија со полицијата. Според активистите резултатите од изборите се наместени за да победи досегашниот претседател Ахмадинеџад кој во својата кампања ја искористи „Yes, you can“ паролата на Барак Обама, претседателот на САД.

0 коментари Прочитај 17 јуни, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Тwitter експеримент во училница

Соочена со 90 студенти во училница, атмосфера која е тешко за секој професор да ги вклучи сите студенти да придонесат во наставата, професорката Моника Ранкин од Универзитетот на Тексас во Далас, САД, се одлучи со технологија да го привлече вниманието на студентите. Професорката по историја знаејќи дека не секој студент има лаптоп, но повеќе од нив имаат мобилен, се решила да го искористи Twitter како платформа, иако и таа самата била почетник во микро-блогинг друштвената мрежа.   „Повеќето предавачи ќе се согласат дека големите класови во училници налик на аудиториуми/слушални ги ограничуваат опциите за професорите само на предавање, предавања и уште предавање. Повеќето предавачи ќе се согласат дека ова не е ефективен начин за предавање. Јас сакав да најдам начин да влесам повеќе студентско ориентирани техники за предавања и да ги вклучам студентите во наставата" пишува г-ѓа. Ранкин.

0 коментари Прочитај 9 јуни, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Кина ги забрани Twitter, Flickr…

Кина во пресртет на 4 Јуни, ден што ја одбележува 20 годишнина од демократските протести на Тиананмен плоштадот ги блокираше најпопуларните сервиси на интернет. Flickr, Twitter, Bing - новиот пребарувач на Microsoft кој беше објавен пред 3 дена, Hotmail, ... сите се недостапни од пред 3 дена, додека Blogger.com и YouTube се недостапни за кинеските корисници од мај, односно март. Блокирани се и сајтовите на странски медиуми, претежно американски како CNN и блогот HuffingtonPost.

0 коментари Прочитај 4 јуни, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Иднината на весниците, според Руперт Мурдок

„Верувам дека весниците ќе наплаќаат за нивната онлајн содржина“ рече Руперт Мурдок, медиа могулот, во интервју за Fox News Business Channel на кое зборуваше за иднината на весниците. „Весниците трчаа кон интернетот за да добијат и привлечат поголема публика и внимание кон себеси, но тоа им наштети. Сега тие ќе треба да се повлечат и да речат 'Еј, ние ќе треба да наплаќаме за ова'." вели г-дин. Мурдок.

0 коментари Прочитај 30 мај, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Францускиот поход против интернетот

Според весникот Le Monde, француската влада размислува за нов закон „Loppsi 2" кој ќе овозможи државата да инсталира софтвер кој ќе ги „набљудува, збира, снима, зачувува и пренесува“ сите куцања по тастатурата на компјутерот каде тој софтвер е инсталиран, односно легализација на тројански софтвер во компјутерите.

0 коментари Прочитај 20 мај, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Јорданската кралица на Twitter и YouTube

Јорданската кралица Раниа е дефинитивно личност од која и политичарите и ПР луѓето, невладините и хуманитарни организации можат да научат како да го користат интернетот за да пренесат порака. Кралицата Раниа е позната по својот YouTube канал на кој таа постираше видеа со цел да ги сруши стереотипите за муслиманите и арапите. Таа преку видео каналот бараше од корисниците да и праќаат прашања со цел да може да ги одговори и да ги објасни различните култури, религии и начин на живот.

0 коментари Прочитај 20 мај, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа

Интервју со Александар Балаловски, Лугола

„Do it! Linux не е страшен. Ако сакате да бидете професионалци, тогаш ви е потребно разновидно знаење“ ова на сите корисници заинтересирани за Linux им го порачува Александар „Gemidjy“ Балаловски, основачот на Лугола – корисничката група за GNU/Linux која на 14 Март, минатата недела, прослави 5 години од постоењето. Разговаравме со Александар за идеологијата зад […]

0 коментари Прочитај 17 март, 2009
Мени
Заедница
Изглед