Британскиот премиер доби овации на крајот од говорот во кој зборуваше за напредокот на технологијата и како таа може да помогне, земајќи примери од историјата и неодамнешната ситуација во Иран, споменувајќи го YouTube видеото за Неда Солан, видео кое ја прикажува иранската девојка во момент на смртта. Таа „стана фокус на YouTube генерацијата“ вели Г-дин. Браун.
„Земете го примерот со Зимбабва и првите избори под Роберт Мугабе. Бидејќи луѓето имаа мобилни и можеа да ги сликаат изборите, Мугабе не можеше да си ги намести изборите“ е еден од примерите во кои британскиот премиер посочи на политичкиот потенцијал на технологијата.
Во говорот тој ги потенцираше можностите на глобалната комуникација, велејќи дека технологијата овозможува наоѓање заедничко решение со луѓе кои не сме ги сретнале.
„Ги имаме средствата да делуваме колективно. Ова е почеток на вистински глобално општество“ рече г-дин. Браун додавајќи дека во ова уникатно време во историјата на човештвото „ние сме првата генерација и би било штета да го испуштиме моментот“. Тој сугерираше формирање на интернационална организација за решавање на глобалните проблеми со климата, економијата, развојот и безбедноста.






