„Вистина е дека вчера околу 3 часот пацифичко време (11 часот македонски) некои посетители на Google News имаа проблеми со пристапување на резултати од пребарувањата поврзани со Мајкл Џексон и добиваа грешка“ изјави Габриел Стрикер, портпаролот на Google.
TMZ, сајт со вести од Холивуд кои први објавија дека Џексон е во болница се сруши од бројот на посетителите. Фановите во потрага по информации го срушија и популарниот трачерски блог Perez Hilton.
Истото му се случи и на Twitter, кој забележа 65.000 твита со името „Мichael Jackson” пред да се сруши. Потоа сервисот за микро-блогирање забележува 100.000 твита на час за Мајкл Џексон, што е иста бројка со твитови поврзани со иранската револуција.
Facebook забележа три пати повеќе објавувања на статус на профилите по смртта на популарниот пејач, додека на Wikipedia
се случи уредничко препукување меѓу фановите кои велеа дека е мртов и други кои го негираа тоа.
Спамерите, исто така, ја искористија и оваа ситуација како и сите популарни теми на интернетот и започнаа да спамираат со е-маилови кои наводно нудат повеќе информации за смртта на Џексон, вели безбедносната компанија Sophos.
Ова покажува 2 работи. Дека прво место каде што луѓето бараат
информации е интернетот. И второ, дека сервисите и популарните сајтови треба да бидат поиздржливи во случај да има моменти на поголема посетеност, што сé почесто и почесто се случува.







