Виктор Дано

2.842 написи активност: 12/2008 - 10/2016

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Редакција
1
Виктор Дано Свет

Дали започнува ерата на сајбер војување?

Големите земји се спремаат за „сајбер ладна војна“, спроведуваат сајбер шпиjунажа и тестираат мрежи за да можат да започнат и да водат војна, вели извештајот на McAfee кој е базиран на анализи на неодамнешни напади на национални мрежи и владини сајтови. За извештајот McAfee направиле и интервјуа со 20 експерти за надворешни односи, експерти за национална безбедност и за интернет безбедност.

0 коментари Прочитај 19 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Интервјуа

Да го направиме училиштето подобро место за учење

Е-uciliste.com е модерно решение за подобро образование, проект на Влатко Бутлески, наставник по стручни предмети во во средното електро-машинско училиште „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп. Со помош на своите поранешни и сегашни ученици, г-дин. Бутлески одржува веб сајт на кој учениците можат да најдат наставни материјали, туторијали, разни помошни информации и да решаваат тестови […]

0 коментари Прочитај 16 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Општо

Убиец ја тужи Wikipedia за непотребен публицитет

Адвокатите на германецот Волфганг Вирле бараат името на нивниот клиент да биде тргнато од Wikipedia бидејќи г-дин. Вирле ја отслужил казната за убиство и сега е обичен граѓанин. Волфганг Вирле во 1990 година го убил баварскиот глумец Валтер Седлмајер. Волфганг Вирле заедно со својот полубрат Манфред Лаубер во 1993 година се осудени на доживотна казна. Ослободени се условно во 2007, односно 2008 година. Сево ова пишува во Wikipedia во биографијата на Валтер Седлмајер.

0 коментари Прочитај 12 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи

40 oтсто од луѓето се здружуваат со брендови на Facebook

Луѓето се спријателуваат со брендовите на Facebook и Twitter бидејќи се корисници на брендот, за да добијат информација за некоја ексклузивна понуда и затоа што нивните пријатели се потрошувачи на брендот, покажa анализата на Razorfish, агенција која први маркетинг истражувања. Анализата „Digital Brand Experience“ е направена за онлајн однесувањето на 1000 американци кои имаат претходно […]

0 коментари Прочитај 10 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Дигитална реалност на Esquire магазинот

  Претходно пишував за магазинот „Esquire“ и за нивниот експеримент со вметната видео реклама во магазинот. Овојпат целото искуство со „Еsquire“ добива нова димензија - дигитална реалност.

0 коментари Прочитај 9 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хардвер

Intel повторно на суд поради манипулација на пазарот

Intel се најде повторно на суд поради монопол и манипулација на пазарот со цел да ја отстрани конкуренцијата. Овојпат компанијата е тужена од државата Њу Јорк откако по 20 месечна истрага се откри дека Intel нудел „специјални“ попусти вредни милијарди долари на Dell, IBM и Hewlett-Packard за да ги користат Intel-овите процесори наместо тие на конкурентите.

0 коментари Прочитај 5 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Ќе препишувате ли ако дозволат интернет за испити?

Данска стана првата земја во светот која дозволи да се користи интернетот за испитите. Студентите можат да сурфаат каде сакаат, Facebook, YouTube... но не смеат да комуницираат со пријателите, да копираат делови од текстови и да ги пастираат, туку само да ги користат за наоѓање на потребната информација. Поентата е да се научат учениците да користат и процесираат информации.   Според данските власти ако интернетот е секојдневие тогаш треба да се вклучи и во образованието.

0 коментари Прочитај 3 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Турција вели дека Google избегнува данок

После едно годишна истрага, властите во Турција го казнија Google со 32 милиони eвра заради избегнување да платат национaлен данок, пишува TechCrunch. Google го има најголемиот дел од пазарот на онлајн рекламирањето и интернет пребарување во Tурција. Бидејќи прави пари, турските власти велат дека гигантот мора да плати национален данок. Долгот кој го има Google кон земјата е 32 милиони евра.

0 коментари Прочитај 3 ноември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

ICAAN ги одобри интернационалните домени

Се поизвесно е дека ICANN, организацијата која е задолжена за давање имиња и броеви на интернет адресите, ќе воведе кирилични и други не-латински домени. Моментално ICANN одржува состанок во Сеул и според англискиот Daily Mirror, ќе го прифати предлогот најдоцна до петок.   „Има 1.6 милијарди интернет корисници ширум светот, а повеќето од нив користат […]

0 коментари Прочитај 30 октомври, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Како Црна Гора профитира од .me доменот

Читајќи ги вестите на Read Write Web, блог за технологија, наидов на рекламен банер во кој пишуваше: „see.me, fly.me, web.me, call.me... Why .me? Because .me is you". Знаев дека .me доменот е домен на Црна Гора, како што .mk е домен на Македонија, па кликнав на рекламата да видам за што се работи.   Доменот е доста атрактивен. Kaко што покажува рекламата, игра со зборови може да биде навистина интересна: love.me, share.me drive.me, kiss.me, web.me, see.me, mary.me, lizni.me, bakni.me, sakaj.me, ubi.me ...

0 коментари Прочитај 28 октомври, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Мир на Facebook, мир во светот

Facebook го објави peace.facebook.com порталот со статистика и графикони кои покажува дека друштвената мрежа помогна да се преминат одредени национални, географски и религиозни граници, граници кои во реалноста често се бранат со бодликава жица и војници.

0 коментари Прочитај 28 октомври, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Универзитет го воведе Twitter како задолжителен предмет

Griffith универзитетот од Австралија го воведе креативното пишување твитови како задолжителен предмет за своите студенти по новинарство. Студентите го користат Twitter како „вежба за рефлектирање на себе“ вели Жаки Едварт, предавач на универзитетот.   „Твитовите на некои студенти не се толку суштински како што сакаме да бидат. Но не знам дали ако напишат есеј, ќе биде подобро“ вели г-ѓа. Едварт за Sydney Morning Herald.

0 коментари Прочитај 24 октомври, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Свет

Coca-Cola, блогери, друштвени мрежи, 206 земји…

Coca-Cola стартува маркетинг кампања која вклучува друштвени мрежи, блогери и 206 земји. „Expedition 206" е проект кој ќе прати 3 блогери кои ќе се прошетаат низ 206 земји за 1 година. Блогерите ќе разговараат со луѓето за Coca-Cola и нејзините производи и сите патописи, слики, блог постови и видеа ќе ги објават на друштвените мрежи: Facebook, Twitter, Flickr, YouTube...

0 коментари Прочитај 21 октомври, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет Хардвер

Нобелова награда за оптички кабли и дигитална камера

Овогодинешната Нобелова награда за физика ќе ја поделат тројца научници чии откритија го овозможија брзиот пренос на дигиталните информации и дигиталната камера. „Наградата оди за две научни достигнувања кои помогнаа да ги промени основите на денешното вмрежано општество.“ се вели во соопштението на Кралската академија на науки на Шведска која ја доделува Нобеловата награда.   Половина од престижната и 1.4 милиони долари вредната награда ја доби Чарлс Као, кој е награден за развојот на оптичките кабли преку кои се пренесуваат дигиталните информации.

0 коментари Прочитај 6 октомври, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Герила маркетинг: добра идеја + YouTube + блогери = успех

  Само со мал буџет под 1.000 евра, но со голема идеја и малку интернет промоција, маркетинг агенцијата Novocortex, со герела маркетинг успешно го промовираше својот клиент, холандската осигурителна компанија VrijVerzekerd. За да го изведе добра промоција со малку пари Novocortex направи герила маркетинг кампања „Гребнатини на вашиот автомобил“.

0 коментари Прочитај 10 септември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

6 часа онлајн? Вие сте интернет зависник,ако сте во Кина

Тие стануват од кревет и бргу со војничка уморност се редат во ходникот спремни за дневните активности. Повеќето машки пациенти се тука поради еден проблем - зависност од интернет, пишува BBC, чија новинарка Мичел Бристов го посетила Центарот за развој на психологија на младите во Пекинг, Кина.

0 коментари Прочитај 2 септември, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Хулигани, од онлајн форум на улица

Долго време се веруваше дека англиските хулигани се смирени и се однесуваат како што треба. Долго време беше така се до вторникот, кога на натпреварот меѓу West Ham и Milwall се случи огромен инцидент меѓу двете навивачки групи, пред, за време и после натпреварот, кога инцидентот се проширил на улиците каде жителите се „забарикадирале“ во своите куќи, а хулиганите се „бомбардирале“ со цигли и шишиња, велат очевидците.

0 коментари Прочитај 27 август, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб Свет

Судот и нареди на Mininova да брише пиратски торенти

Холандскиот суд му нареди на популарниот торент сајт Mininova.org да ги избрише сите .torrent фајлови кои ги прекршуваат авторските права или ќе плати казна од 5 милиони евра, по 100 евра за секој пиратски торент. Mininova беше тужена од холандската анти-пиратска организација BREIN, која ги штити авторските права на музичката и филмската индустрија.

0 коментари Прочитај 26 август, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Веб

Wikipedia ќе биде построга

Онлајн енциклопедијата ќе стане построга и ќе ги едитираат промените и текстовите за живи луѓе или за компании и организации, односно пред да се објават ќе мора да бидат одобрени од уредник. Ова е резултат на дво месечното тестирање и се однесува на англиската верзија на Wikipedia, која неодамна доби 3 милиони текстови. Од останатите јазични верзии на енциклопедијата со над 10 милиони текстови на други јазици, а 30.000 текстови на македонски, само германската верзија има ваква уредувачка политика врз текстовите.

0 коментари Прочитај 25 август, 2009
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Печатен магазин со вметнатa видео реклама

  Во печатеното издание на Enterteinment Wealky на 18 септември ќе се појави видео реклама на CBS и Pepsi Max. „Ова реклама наречена „првата VIP (видео во принт) промоција“ работи како оние аудио честички. Кога ќе ја отворите страната, се појавува мал екран вметнат меѓу страните“ пишува Wired.

0 коментари Прочитај 20 август, 2009
Мени
Заедница
Изглед