Оваа одлука доаѓа по бројните инциденти каде текстовите за популарни личности се променуваа, пример: кога умре Majкл Џексон, Wikipedia блокираше две страни од неговата биографија за да ги спречи шпекулациите за неговата смрт. Таа Wiki биографија на популарниот пејач беше прегледана преку 30 милиони пати, 6 милиони во првите 24 часа, што покажува на влијанието на Wikipedia како извор за информации.
Сега уредниците на Wikipedia или доверливите соработници на енциклопедијата ќе ги ревизираат сите текстовите или нивните промени направени од новите и анонимните корисници.
„Ова е тест. Ќе биде интересно да се видат сите прашања кои ќе произлезат. Колку време е потребно една промена да се одобри? Дали ќе треба неколку минути, денови, недели?“ изјави Џими Велс, основачот на Wikipedia за New York Times.
Оваа недела во Буенос Аирес ќе се одржи Wikimania годишната конференција на која ќе бидат присутни голем број од уредниците на енциклопедијата. Aгендата на конференцијата ќе биде за влијанието на енциклопедијата и нејзиното проширување.