Новинарска награда за YouTube видео
Непознати луѓе кои го снимија со мобилен убиството на Неда Солтан за време на иранските протести се наградени со американска награда за новинарство.
Непознати луѓе кои го снимија со мобилен убиството на Неда Солтан за време на иранските протести се наградени со американска награда за новинарство.
Во Барселона се собраа над 1.300 компании и околу 50.000 посетители од целиот свет чиј интерес е напредокот и развојот на мобилната технологија. Од самиот старт на Светскиот конгрес за мобилна технологија се најавија интересни партнерства пред се на Intel со Nokia, Vodafone го најави најефтиниот мобилен кој чини само 15 долари, а се формираше алијанса од 24 оператори со цел да му конкурираат на Apple App Store. Интересно, Apple нема да присуствува на овогодинешниот настан.
На годишнината на Иранската револуција од 11 фебруари 1979 година, иранските интернет корисници забележаа масовно блокирање на Gmail, како и прекини на интернет и СМС конекциите. Иранската влада се плаши од дополнителни протести за време на овој празник и ги блокира веб сервисите бидејќи за време на ланските претседателски избори се покажаа како корисна алатка за организирање на протестите и за информирање на светот за настаните во земјата.
Австралиските интернет корисници ги убедија властите да го тргнат контроверзниот закон кој забранува анонимно коментирање на политички теми на интернет. Доколку австралијците сакаат да дискутираат политички теми мора да остават име и адреса или ќе бидат казнети со 1.250 австралиски долари (800 евра).
Augmented (hyper)Reality: Domestic Robocop from Keiichi Matsuda on Vimeo. „Дигитална (хипер)реалност: домашен робокап“ е можеби малку хаотично и застрашувачко видео, но е доста интересно видео кое ги рагледува сите секојдневни аспекти каде можеме да ја вклучиме дигиталната реалност која се почесто и почесто се појавува меѓу нас.
Здраво Твитерверзум. Сега од живо твитаме од Интернационалната Вселенска Станица - првиот твит од вселената, пишува @Астро_TJ, oдносно астронаутот Тимоти Кремер.
Дали би платиле за да читате весник онлајн? Низ годините се научивме дека се на интернет е бесплатно. Посебно кога се работи за новините и информациите. Но, се чини дека работите започнаа да се менуваат.
Имам 5.000 пријатели што е максимум на Facebook, а јас имам уште 7.000 кои сакаат да ми станат пријатели, вели новиот хрватски претседател Иво Јосиповиќ кој освои 60% од гласовите во вториот круг на 11 јануари.
Google вели дека ќе го тргне филтерот за цензурирање од својот кинески пребарувач, откако откри информации дека во декември врз нив е извршен „високо софистициран хакерски напад“ кој дошол од Кина. Целта на нападот биле Gmail мејлови на борци за човекови права и слобода на говор. „Многу бргу стана јасно дека тоа што првин изгледаше како безбедносен инцидент, стана нешто комплетно различно.“ пишува Google на својот блог. Во постот Google избегна да ја обвини кинеската влада дека стои зад нападите.
N Building from Alexander Reeder on Vimeo. N зградата во Токио е израбодена во QR код кој може да се чита од мобилните телефони од поновите генерации. Дигиталната зграда прикажува информации во реално време, вклучувајќи и твитови од луѓето кои живеат во неа.
Користејќи ја статистиката од Alexa и Google Trends, италијанскиот блогер Виченцо Косенза состави светска мапа на друштвените мрежи. Мапата ја покажува доминација на Facebook кој со 350 милиони корисници, околу 400.000 македонски корисници, е најпопуларната друштвена мрежа во 127 земји.
360cities.net, веб сајт со колекции од интерактивни панорами, ја објави најголемата сферична панорама до сега. Панорамата од 18-гигапиксели е 360-степени поглед на чешкиот главен град Прага. Кога би ја испринтале сликата би била долга 16 метри.
Еве уште една неверојатна приказна која го вклучува YouTube, мал буџет, но голема креативност и огромен успех. Се работи за „Panic Attack" краток филм на уругвајскиот продуцент Феде Алверез. Откако го закачил краткото видео на YouTube, само по неколку дена, холивудските студија започнале да му тропаат на врата и му понудија филмски договор вреден 30 милиони долари!
По првичните неуспешни обиди, aвстралиските власти повторно размислуваат за воведување систем за филтрирање на вулгарната, навредувачката и криминалната содржина која се наоѓа на интернетот. Со ова Австралија ќе стане прватаа западна демоктратска земја која го цензурира интернетот, придружувајќи се на Kина и Иран.
Нов рекорд. За 7 дена симнати се 12 милиони Opera 10.10 прелистувачи. Рекордот се должи пред се на вклучувањето на Unite сервисот во најновата верзија на прелистувачот. Unite е сервис кој овозможува вашиот компјутер да стане сервер на мрежата и преку него да споделувате фајлови, слики, филмови со пријателите, без притоа да ги закачувате онлајн (аплоадирате). Подолу се десетина слики од моето тестирање на Unite, споделувајќи неколку слики, музика и нивно линкање на Facebook.
Светскиот економски форум одбра 26 пионери на технологијата за 2010 година. Пионери на технологијата се сите компании почетници од целиот свет кои развиваат и дизајнираат нови технологии. „Иновациите на овие компании ги отсликува обидите на општеството да ја прифати и користи технологијата за промена и подобрување на начинот на кој работат бизнисите и самото општество.“ вели Светскиот економски форум.
Lamborghini Madura на Славче Таневски може да стане дизајнoт за првиот хибриден Lamborgini кој е најавен во 2016 година. Славче е студент по транспортен дизајн на Факултетот за дизајн во Минхен, Германија. Првиот проект кој го работел таму бил спонзориран од Lamborghini. За проектот студентите имале задача да дизајнираат суперавтомобил кој ќе вози 300 километри […]
Најголемиот интернер провајдер во Британија, Virgin Media започнa со тестирање на технологија за мониторинг на корисниците и пиратската содржина која ја споделуваат. Технологијата која ќе ја користи провајдерот е CView на Detica, компанија која е позната со работење со владини податоци и дигиталните документи на контраразурзнавачките служби. „Нашата технологија има потенцијал да го мери споделувањето на содржината низ сите интернет провајдери, што ќе им овозможи на провајдерите, креативната индустрија и владата, да соработуваат и да одговорат на дигиталната пиратерија како што е повлечено во извештајот за Дигитална Британја.“ пишува Detica.
После Обама, Кралското семејство на Британија, претседателот на Франција, Саркози, Ватикан... сега и владата на Ирак стартуваше свој YouTube канал. „YouTube каналот на ирачката влада е официјален канал наменет да се публицизира најважните активности на владата преку видео извештаи и состаноци.“ пишува на каналoт Iraqgov. Несомнено е дека YouTube овозможува на луѓето и политичарите, поточно владите, да имаат подиректна комуникација на лесен и едноставен начин. Запрашајте се каков контакт имате со македонските политичари? Освен на вести и на плакати воопшто не ги гледаме, а уште помалку имаме контакт и пристап до нив.
Според германските власти Google Analytics, сервисот за мерење и анализа на интернет сообраќај на веб сајт, го прекршува законот бидејќи сервисот ги собира податоците за посетителите без нивна согласност.